Невреме

ЕВРОПА И БАЛКАНОТ ПОД СНЕГ: Врне во Словенија и Италија, во Хрватска невреме

Видео

Силен бран од северозападниот дел го изненади континентот и на алпското подрачје му донесе неочекивана зима. Во италијанското туристичко место за скијање Алта Бадиа падна 30 сантиметри свеж и влажен снег. Местото се наоѓа на надморска височина од 1324 до 2250 метри, пишува „Истрамет“.

Снег падна и на словенска Кредарица, според податоците, во 9 часот утрово била измерена температура од -3 степени, а биле измерени и 3 сантиметри снежна покривка. Во последните 12 часа паднале 63 милиметри снежни наноси, пренесе „Индекс“.

И во Хрватска има нагли промени во температурите. Во поголем дел од земјата има обилни врнежи од дожд. Во текот на ноќта Хрватска ја зафати силно невреме, а најлошо беше во Истра. Во раните утрински часови силно невреме го погоди јужниот дел на Јадранот. На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале над 40 литри дожд, што доведе до поплави во градот.

Проблеми имаше и во воздушниот сообраќај. Три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул беа пренасочени на други аеродроми.

Извор: Макфакс


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime