Ердоган изгуби, Истанбул има нов градоначалник

Кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу е прогласен за градоначалник на Истанбул откако ѝ нанесе понижувачки пораз на партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган која сè уште се бори со сите сили да ги поништи резултатите од гласањето.

Високата изборна комисија (ЈСК) му го предаде мандатот за градоначалник на Екрем Имамоглу без оглед на поднесената жалба еден ден претходно од  партијата на Ердоган АКП во која се бараат нови избори под изговор дека изборите на 31 март биле одбележани со неправилности.

Бидејќи го доби мандатот од изборната комисија, Имамоглу отиде во општината на Истанбул, која веќе 25 години е под контрола на претставниците на Ердогановото исламистичко движење.

Новиот градоначалник во говорот рече дека се работи за 16 милиони луѓе, а не само едно лице, една група или една партија. Илјадници негови приврзаници се собраа пред општината за да ја прослават неговата победа.

„Никогаш не се откажавме од единството и заедништвото што ги изразија 16 милиони луѓе кои живеат во овој град“, рече Екрем Имамоглу, 48-годишната ѕвезда во подем на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) пред да влезе во општината на Истанбул за церемонијата на предавање на мандатот.

„Свесни сме за нашите одговорности. Ги знаеме потребите на овој град. Од денес, општинската зграда на Истанбул е отворена за работа“.

АКП официјално поднесе жалба и побара нови избори во Истанбул. Тие тврдат дека до изборната комисија поднеле три куфери полни со документи кои ЈСК треба да ги разгледа.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime