ЕЦПР Е ЗАГРИЖЕН ЗА ПРИМЕНАТА НА НОВИТЕ ЗАКОНИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ЛИЦАТА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) ги поздравува последните законски мерки што ги презема Владата на Северна Македонија за решавање настатусот на лицата без државјанство, но изразува загриженост за ефективното спроведување на новите закони за пријавување живеалиште/престојувалиште и за матична евиденција, издавањe лични карти и добивање државјанство во однос на Ромите кои се под ризик од бездржавјанство.
Измените и дополнувањата на Законот за пријавување на престојувалиште или живеалиште,
Законот за државјанство, како и Законот за лична карта и Законот за матична евиденција ќе треба
внимателно да се следат за истите да бидат успешни.
Во последните години, законските прописи и одредби во врска со запишувањето во матичнитекниги и пријавувањето живеалиште/престојувалиште, добивање лична карта и државјанство доведоа до тоа многу лица да бидат практично невидливи во Северна Македонија.
Оваа ситуација главно се однесува на ромските граѓани кои имаат тешкотии да го докажат местото и времето на раѓање, немаат лична карта, живеат во неформални населби или домови, или се бездомни, односно немаат постојана адреса. Како последица на тоа, многумина не биле во можност да воспостават правни односи со институциите и не биле во можност да ги остварат
своите основни права и слободи, како што се правото на здравствено осигурување, образование,
вработување, и домување.
Предизвиците во решавањето на статусот на лицата без државјанството во Северна Македонија може да вклучат недостиг на сеопфатни и етнички-разделени податоци за лицата без државјанство, како и недоволни постапки за идентификација на овие лица. Лицата без државјанство можеби не биле запишани во матичните книги поради ограничена свест, неможност да ги исполнат условите за запишување или страв дека ќе бидат притворени бидејќи немаат соодветни документи. Затоа се препорачува зајакнато собирање податоци и следење на ваквите постапки, како и механизми кои спречуваат дискриминирачки закони и практики, за да
се обезбеди дека лицата без државјанство можат да ги остварат своите основни права и имаат
пристап до сите суштински услуги без дискриминација.
Кога станува збор за лица без државјанство во контекст на миграцијата, Северна Македонија нема постапки за утврдување статус на бездржавјанство или заштитен статус. Тоа ги ограничуваопциите што им се на располагање на лицата без државјанство да побараат азил или да добијат дозвола за привремен престој. Од суштинско значење е државата да обезбеди дека сите лица без државјанство, вклучувајќи ги и Ромите, имаат пристап до основните права согласно законите и во практиката, без дискриминација и без оглед на нивниот статус како нерегистрирани или лица без државјанство, вклучително и пристап до основно и средно образование, здравствена заштита, конкретни репродуктивни права и заштита на здравјето на мајките, работа, сместување,
и да бидат заштитени од повреда на нивните права како што се детски и малолетнички бракови.
„Предолго, Ромите без државјанство и Ромите под ризик од бездржавјанство водат тежок и невидлив живот, немаат пристап до основните услуги и до основните права“ рече претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ. „Ги поздравуваме законодавните реформи, но доказот е во нивното спроведување, па затоа ќе треба внимателно да се следи нивната примена за
да се обезбеди дека системот функционира во насока на заштита на најранливите Роми од
сите форми на дискриминација“.
На 11 октомври 2023 год.. ЕЦПР – во соработка со Македонското здружение на млади правници
(МЗМП), Институтот за бездржавјанство и инклузија (ИБИ) и Европската мрежа за бездржавјанство (ЕМБ) поднесоа заеднички извештај во рамките на процесот на Универзален периодичен преглед (УПП) за Северна Македонија. Овој извештај се фокусира на
бездржавјанството и ја нагласува посветеноста и заложбата на организациите за решавање на овој клучен проблем. Бездржавјанството е проблем што влијае на животот на голем број лица, негирајќи ги нивните основни права и можности. УПП извештајот има за цел да ја зајакне јавната свест, да се застапува за промени и да поттикне акција за решавање на предизвиците со кои се соочуваат лицата без државјанство во Северна Македонија. Извештајот вклучува наоди од сеопфатно истражување, длабинска анализа и препораки за справување со проблемот набездржавјанство. Со поднесувањето на овој заеднички извештај за УПП, организациите сакаат да го свртат вниманието кон итноста на оваа ситуација и да поттикнат важни дискусии и акции
на национално и на меѓународно ниво.
На 29 август 2023 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Северна Македонија утврди дека Министерството за внатрешни работи сторило индиректна дискриминација на Ромите кои живеат во импровизирани населби со тоа што им оневозможило да добијат лични карти. Ваквата дискриминација довела до тешкотии во пристапот до
здравствена заштита и социјални услуги, што го покажа и смртта на младиот Ром Мемет Камбер. По поднесената претставка од страна на Европскиот центар за правата на Ромите, Комисијата издаде мислење со препорака за измена и дополнување на законот за да се осигури дека Ромите кои живеат во неформални населби имаат еднаков пристап до правата. На 16 октомври Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги поздрави измените во Законот за пријавување на престојувалиште и живеалиште и Законот за лична карта.
Измените и дополнувањата на Законот за пријавување на престојувалиште и живеалиште коишто
Собранието ги донесе на 5 октомври 2023 година воведоа поедноставена постапка за бездомните лица да пријават престојувалиште на адресата на центрите за социјална работа.
Лицата кои се сместени во здравствени или социјални установи можат да го регистрираат своето престојувалиште на адресата на соодветната институција. Дополнително, новите измени и дополнувања на законот предвидуваат неколку опции за луѓето кои живеат во „нелегализирани објекти“ во однос на документирање на сопственоста врз имотот и добивање лична карта.
Бездомните лица може да дадат биометриски податоци при поднесување барање за лична карта во присуство на службеник од центрите за социјална работа. Исто така, Законот за матична евиденција обезбедува дека секое дете родено во Северна Македонија ќе биде запишано во матичната книга на родените во рок од 45 дена по раѓањето, без оглед на државјанството или
личниот статус на родител