Жената ромка во Македонија е изложена на повеќекратна, континуирана дискриминација

 

Жената ромка во Македонија е изложена на повеќекратна, континуирана дискриминација

Македонската жена Ромка, не само што е дискриминирана по основ на етничка припадност, таа е дискриминирана и по основ на род, на социјален статус, на средината во која живее. Кај нас, и во 21 век, жената Ромка се’ уште е изложена на повеќекратна, континуирана интерсекциска дискриминација која води до комплетно исклучување на Ромките од нашето општество, велат од Канцеларијата при УНДП, задолжена за оваа проблематика. На сето ова уште кога ќе се додаде и нивното ниско образование, малолетничките бракови, раната бременост, невработеноста, станува јасно дека македонските Ромки не се интегрирани во општествениот систем, укажуваат од Канцеларијата.

  • Навистина би требало, кога се креираат политики на локално ниво, особено, да се прави на начин така што да бидат самите политики прилагодени на вистинските потреби. Не само Ромите да ги ставиме во еден исти кош, туку навистина да се види кои се потребите на Ромките, а тоа се прави така што ќе ги прашате нив и да го вклучите тоа во локалното програмирање и буџетирање“, – вели Кристина Плечиќ, специјалистка за родова еднаквост во Канцеларијата на УНДП.

При вакви не баш поволни општествени состојби, некаков исчекор напред е тоа што Ромките се’ повеќе се охрабруваат јавно да говорат, но и да побараат помош за надминување на својата маргинализирана положба.

  • Ромките, и возрасните жени, а и девојчињата, се повеќе изложени на насилство и на ризик од трговија со луѓе. Мислам дека не е проблем да ги кажат проблемите, меѓутоа некој треба да ги праша и да ги слушне. Доколку вие им овозможите сервис и кога вие ќе почнете да им нудите, еве да речеме, на жртви на насилство, им понудите помош на тие жени, тогаш сигурно дека ќе имаат доверба во институциите, меѓутоа не е доволно да ги повикувата да пријавуваат насилство, а притоа да не им овозможите каде да се обратат кога ќе дојде до вистинско насилство“, – објаснува Плечиќ.

Сепак, се работи за стереотипи кај општата популација во однос на Ромите, тоа се процеси кои што ќе траат подолго време. Потребно е да постојат програми за едукација уште од рана возраст, велат од Канцеларијата при УНДП.

https://alfa.mk/zhenata-romka-vo-makedonija-e-izlozhena-na-povekekratna-kontinuirana-diskriminaczija/

 

Related post