Женско тело завиткано во вреќа пронајдено во скопско Горно Оризари

Во Горно Оризари денеска ништо не укажуваше на тоа дека токму во близина на ова скопско село, лоцирано во близина на Шуто Оризари, нивни соселанец бил сведок на грозоморна слика – додека се враќал од нива, вниманието му го привлекла голема црна вреќа, а во неа мртво женско тело.

Настанот се случил попладнето, околу 16 часот, а човекот, инаку, вработен во Комунална хигиена веднаш повикал полиција. Но, ниту полицајците, ниту обвинителите на лице место не можеле да утврдат ниту за кого станува збор, ниту што се случило.

Истрагата засега само претпоставува дека станува збор убиство. На ова упатува и начинот на кој била завиткана со најлонот, како и тоа што телото било фрлено покрај пат, а не закопано.

Клучните наоди, кои треба да помогнат во расчистувањето на случајот, се очекуваат од обдукцијата.

Од Судска медицина велат дека обдукцијата на телото е завршена, но конкретни сознанија за тоа колку време била мртва, дали на телото се пронајдени траги на насилство и останатите подетални информации ќе се знаат утре.

Канал 5 беше во селото Горно Оризари, но граѓаните кои ги прашавме воопшто не беа запознати со овој случај.

Идентификацијата на жртвата ќе оди потешко и поради фактот што во МВР деновиве немало пријавено исчезнато женско лице, што според познавачите, дополнително упатува на сомнеж дека таа била убиена од некој близок. Во истрагата се очекува да помогне и анализата на отпечатоците кои евентуално ќе се откријат на црната вреќа со која било завиткано телото.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime