ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА: Заедно за еднакви права на децата Роми

Центарот за семејно и детско згрижување – КМОП, во партнерство со Ромски Ресурсен Центар Скопје, организираат завршна  конференција „Заедно за еднакви права на децата Роми“ во рамки на проектот „Градење на посилни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми“, кој е финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии (CFCD).

Конференцијата ќе се одржи на 7 јуни 2019, петок во Хотел Мериот, со почеток во 10 часот.

На конференцијата ќе се обратат:

– Мабера Камбери, Министерството за труд и социјална политика

-Зурија Мемедова,  претставник на кабинетот на Министерот без ресор задолжен за имплементација на    Националната Стратегија за Роми

– Давид Рама, Центар за семејно и детскo згрижување (KMOП) Атина

– Фатош Усаинова, Менаџер на проектот, Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) Скопје

Проектот кој се имплементираше во изминатите 18 месеци е дизајниран да ги поддржи локалните механизми за координација и структури кои имаат улога да ја унапредат интеграцијата на Ромите преку унапредување на нивните капацитети за функционална имплементација на иницијативите за заштита на децата Роми кои се во согласност со националните и ЕУ политиките кои ја таргетираат интеграцијата на ромската заедница во Република Северна Македонија.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime