Збогум РОМА СОС… Добредојде Станица 5 !

Невладината РОМА СОС денеска, на својот 11 ти роденден згасна. Ова, на големо изненадување на прославата го најави неговата извршна директорка и синоним на здружението – Несиме Салиоска, која пак најави дека се раѓа нова граѓанска иницијатива. Зошто се прави ваква трансформација и што покажа патот по кој се градеше РОМА СОС? Се започна пред повеќе од една деценија, кога се наметнуваа потребите за граѓанска иницијатива во ромската заедница за едукација и помош во областа на здравството, вели Салиоска, а спектарот на услуги се надоградуваше …
– Здружението РОМА СОС започна наивно и едукативно со активности во 2007 ма година, меѓутоа со текот на времето по барање на граѓаните, почна да се занимава професионално во области кои што бараа од нас многу повеќе анганжман. Тоа е правната помош, судските постапки, законодавни иницијативи, и на тој начин од една етнички профилирана локална организација низ годините прераснавме во организација која што застапуваше интереси за сите граѓани на Република Македонија и на сите заедници без разлика на етничката припадност, потенцираше Салиоска.
Со трансформацијата која што се реализира, освен теоретски, веќе докажаниот тим сака и практично да покаже од наредната година дека методите и принципите на работа и алатки ќе продолжи да ги пременува како Станица 5, односно како здружение кое што ќе нуди помош на сите граѓани, ќе биде отворено кон сите и ќе биде лоцирано во центарот на градот, каде ќе биде подостапна за сите граѓани. Како и досега, искуството ќе биде тоа што ќе им биде ѕвезда водилка во работењето е тоа во што се согласуваат првите дами во досегашна и во идната граѓанска иницијатива. Се раѓа нова и посилна организација која ќе работи под името Станица 5 насочена кон правната помош за заедницата.
– Како што досега РОМА СОС нудеше бесплатна правна помош за ромската заедница, бидејќи идентификуваше дека граѓаните Роми имаат потреба, така со текот на годините препознавме дека и пошироката заедница не само Ромите во Општина Прилеп имаат потреба од правна помош. Токму затоа прошируваме и со новиот ентитет здружението Станица 5, вели Весна Шапкоска извршната директорка на новото здружение.
Самиот поим „станица“ е место каде што луѓето постојано ќе можат да се обратат, а зборот „пет“ е акроним и означува правна едукација и транспарентност. Тоа значи дека новото здружение ќе биде место каде што сите граѓани ќе можат правно да се едуцираат и да побараат помош, но и транспарентност и отчетност од институциите.
Новото здружение ќе работи под името „Центар за пристап до правда“ во исто време, кое што е активност во рамки на стратегијата Отворено Општество Македонија и кое што освен во Прилеп ќе функционира и во 3 други општини низ земјата, а ќе има една задача да овозможи пристап до правда и бесплатна правна помош за граѓаните на Република Македонија.
На прославата по повод 11 години постоење од РОМА СОС присуствуваа досегашни соработници- претставници од институциите и поединци поврзани со работењето на здружението.

-ПРОМЕНАТА Е ПРОЦЕС НЕ Е НАСТАН – , беше мотото на прославата, а дамите од РОМА СОС тоа треба и во иднина да го докажат со СТАНИЦА 5.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime