Зградата е стара 70 години: Ќе се реконструира дел од училиштето во село Тработивиште
Седумдесет години старата училишна зграда во село Тработивиште ќе се реконструира преку Програмата РОМАКТЕД фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво, информираа од Општината. Оттаму денеска ја објавија јавната набавка за „Реконструкција на одредени делови во Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ село Тработивиште во рамки на оваа програма.
– За реализација на набавката се обезбедени финансиски средства од Совет на Европа и од Европска Унија во висина од 1 милион денари без вклучен ДДВ. Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување постапка со објавување Оглас за набавка од мала вредност. Економски најповолна понуда се утврдува врз основа на цената. Доколку се исполнети законските услови ќе се одржи е-аукција на електронскиот систем за јавни набавки, информираа од Општина Делчево.