Злато и сребро за Шерат Мамутовски (14) и Мухамед Асан (13) од Куманово

Кумановските боксери Шерат Мамутовски (14) и Мухамед Асан (13), освоиа златен и сребрен медал во училишна конкуренција, на Меѓународниот боксерски турнир во Зрењанин, Србија, што се одржа минатата недела. Шерат Мамутовски беше прогласен за најдобар млад боксер на турнирот, откако во полуфиналето и финалето ги совлада српските боксери со резултати 5:0. Мамутовски се натпреваруваше во категоријата до 38 килограми, а Мухамед до 54 килограми. Морам да кажам дека е задоволство да се работи со вакви млади луѓе и пред нив е блескава кариерата, бидејќи Куманово има традиција а нашите боксери освоиле олимписки, европски, балкански и државни медали,  – изјави Самет Салиевски, тренер.

Младиот Мамутовски тренира бокс повеќе од една година, и вели дека е многу задоволен од учеството на меѓународен турнир, а посебно е среќен што освоил прво место и златен медал. Сакам да бидам гордост на Куманово, како што беа моите сограѓани и да бидам следниот олимписки шампион. Мене многу ми се допаѓа боксот како спорт, а мои идоли се Самет Салиевски, Реџеп Реџеповски, Мухамед Али, – вели Мамутовски.

Двајцата млади кумановски боксери на Меѓународниот турнир во Зрењанин настапиле како дел од репрезентацијата на Македонија.

Злато и сребро за кумановските боксери во Зрењанин


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime