Знамето на НАТО пред македонското Собрание, за членство се чека Шпанија

Македонската химна, химната на НАТО и знамето на Алисјансата пред македонското Собрание – Македонија уште еден чекор поблиску до НАТО – но се уште не и полноправна членка. 114 гласа и пораки за единство, европска иднина и аплауз и од заев и од мицксоки во собранито за одложената ратификација. Државниот врв со фокус на компромисите со Грција и Бугарија кои земјава велат мораше да ги направи, мора и да ги почитува.

Пред 27 години ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе првата декларација за НАТО во Собранието, 27 години подоцна токму ВМРО-ДПМНЕ ја предложи предвремена ратификација на протоколот поради тоа што ние не сме против евроатланската иднина – порача во име на пратениците на Мискоски, координатор на пратеничката група. Мицевски вели ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за ратификацијата, и да не и биде на власта изговор за одлагање на изборите.

„Ние како партија што ги следи принципите на легалност и реалност, која може да ја критикуваме и имаме право да ја оспоруваме, во никој случај немаме намера да ја загрозиме суштинската определба и заслуженото членство.“ – изјави Мицевски.

Набројуваќи го по име и презиме, сите пратеници кои гласаа за промена на уставното име, откако најголемиот дел добија амнестија за 27 април, пратеничката Нола Исмаиловска со порака до екс сопратијците.

Од албанската опозиција порака, а уште многу предизвици ја чекаат државата. Македонските пратеници добија и аплауз од дипломатскиот кор и од делагициите од НАТО, Италија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора. И додека знамето на НАТО се вее пред македонските институции, македонското ќе се развиори пред Алијансата кога Шпанија ќе го ратификува протоколот и тој ќе заврши во Вашингтон.

Според евроатланскиот договор – земјите се обврзуваат споровите да се решават мирно, а ако една земја е нападната – нападот се третира како да се нападнати сите.

https://www.24.mk/details/znameto-na-nato-pred-makedonskoto-sobranie-za-chlenstvo-se-cheka-shpanija#


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime