Интервју

Интервју со раководителот за застапување за трајни и системски решенија за интеграција на Ромите во општетвото.

Самет Скендери Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК

Пред неколку месеци на Иницијатива на Асоцијацијата Иницијатива за социјална промена ИнСоК каде Вие сте член и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ, и на неколку реномирани граѓански организации,  формиравте неформнла мрежа за застапување за трајни и системски решенија за интеграција на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Кажете ни кој е потикот која е идејата на формирање и делување  на ова неформанла мрежа знајќи го фактот дека досега такви  граѓански мрежи не профункционирале освен на проектно ниво?

Самет Скендери:

Нашите определби како Роми или здруженија на Роми од секогаш се стремеле за иста стартна основа со останатите националности во општеството. Мојата визија, а и, визијата на моите колеги и колешки кои членуваме во оваа мрежа се засноваат на трајни и системски решенија за вклучување и интеграција на Ромите во општеството.

Ние и досега сме имале обиди за заедничко делување и многу пати сме формирале мрежи или сојузи, но секогаш мрежите или сојузите се формираат со посебна цел и активности. Кога завршуваат активностите или кога целите не се реално остварливи нормално е да се бара нешто ново.  Но, јас мислам дека ништо тоа не е страшно, туку напротив, истото секогаш ни го зголемува нашите искуства, а тоа што го правиме во општеството останува забележано и корисно за Ромите.

Оваа мрежа е одговор на моменталната опшествена положба на Ромската заедницата. Денес ние се соочуваме со многу проблеми кои бараат трано и системско решавање. Ромите денес се соочуваат со проблеми како што се: лица без документи за лична идентификација, неурбанизирани населби каде што живеат Роми. Ние повеќе од 10 години се залагаме да имаме член во Комисијата за заштита и спречување од дискриминација или да достигнеме процентуална застапеност во државната и јавана администрација.

Ова се само еден мал број на проблеми кои бараат посветеност и ангажман за да се застапува и донесат трајни и системски решенија. Ние на ваков начин ги иницираме проблемите а нормално останува ова да го решат тие кои носат одлуки во општеството како што е Владата и Парламентот.

Досега имавте неколку средби како и состаноци и работилници, каде највеќе се фокусирате во овој период? Дали имате приоритетни области знаејки дека ромската заедница се соочува со секојдневни проблеми?

Самет Скендери:

Ние во изминатите три месеци имавме неколку активности кои се карактеристични за работа на мрежи. Градевме настап и капацитет за застапување. Се договоривме за (4) четири најизразени проблеми во општеството. Се договоривме дека најистакнати проблеми во општеството кои во моментот бараат застапување и иницирање посебен општествен ангажман се:

Лицата без лична документација, неформализираните, неурбанизираните ромски населби, ниското процентуално учество на ромите во државната и јавната администрација како и немање на Ром или Ромка како член во комисијата за заштита и спречување од дискриминација.

Во однос на овие проблеми ние подготивме наши пишани мислења засновани на факти и аргументи кои се случуваа во опшеството последните години и истите ги образложивме на работен состанок со Меѓупартискта парламентарна група за Ромски прашања во Република Северна Македонија. Донесени се заклучоци од страна на пратениците, членови на Меѓупартискта парламентарна група за Ромски прашања во Република Северна Македонија и ние се надеваме на одредени резултати за наредниот период.

Како планирате да делувате со какви механизми ке пристаипете ко решавање на овие приоритетни области на вашата мрежа?

Самет Скендери:

Нашиот начин на делување е на база претходна договорена методологија за застапување. Истата се заснова на три столба. Првиот столб го сочинуваат здруженија кои работат со заедницата и истите ги идентификуваат проблемите, споделуваат информации и ги одразуваат мислењата на Ромите заегнати со проблемите.

Вториот столб е составен од здруженија кои работат на истражувања, анализи засновано на докази и истите го артикулираат мислењето на Ромите низ продукти за застапување.

Третиот столб се здруженија кои имаат знаења за застапување и застапуваат со факти и аргументи кои ги договараме на наши заеднички работни средби.

Формите на кој начин ќе делуваме секогаш се дискутабилни и тие се договараат, но во зависност од многу фактори се трудиме да одбереме најсоодветна форма за делување. Јас лично мислам дека тие се помеѓу “тивки поврзувачи“ до “бунтовни критичари“ за спроведувањето на општествените, политичките промени за еднаква стартна основа на Ромите со останатите заедници во општеството.

Имавте неколку средби со новинарите  како и со интерпарламентарната група импресиите од средбите и колку можат да се заложат заеднички да ги решавате системски проблемите?

Самет Скендери:

Јас секогаш настојувам реално да ги гледам работите. Но секогаш сметам дека наша задача како граѓански организации е да ги иницираме проблемите за решавање, да понудиме наши решенија, да сработиме некоја пилот фаза од решенијата и да ја предложиме на општеството како пракса да продолжи низ системско трајно решение кој ќе овозможи подобра состојба и иста стратна основа на Ромската заедниица со останатите заедници во општеството.

Од активностите кои досега ги спроведовме јас лично многу сум задоволен. Инициравме решенија за трајни системски решенија. Упативме наши мислења и гледишта за предлог на Законот за неневидентирани лица во матичната книга на родени, го актуализиравме прашањето за легализација на населби каде што живеат Роми посебно со почитување на Виенската декларација за легализација на неформалните населби.

Дадовме поддршка на Декларацијата од Ползен во Полска за интеграција на Ромите во општествата а воедно го актуализиравме пршањето дека и ние сакаме да партицираме во институциите како членови во работни групи и комисии а воедно и како вработени како државни и јавни административци.

Дали очекувате во краток временски период вашите барање да се разгледуваат посеризоно знајќи ја актуелната политичка ситуација како и најверојатните парламентарни избори?

Самет Скендери:

Јас верувам дека дел од ова застапување ќе вроди со плод. Мислам дека и самото иницирање за трајни и системски решенија веќе значи чекор понапред. Јас верувам дека големите работи секогаш се прават чекор по чекор.

Ако ништо повеќе барем во општествено политичкиот контекст дадовме нова вредност и индикатор за мерење на резулатите а тоа колку секоја акција превземена за интеграција на Ромите ќе донесе трајно системско решеније.

Дали имате партнери кој ги подржуваат вашите цели (меѓународен, фактор, амбасади, мисии, итн) во целокупната идеја за реализација  за посерозни чекори за промени во општеството за ромската заедница?

Самет Скендери:

Да, во оваа фаза, како наш подржувач во процесот на функционалност на мрежата е Мисијата на ОБСЕ. Во оваа прилика благодарам за поддршката за постигнување на саканиот технички и методолошки капацитет. Оваа пддршка засега е договорена до крајот на годината. За наредната година засега немаме договорено кој и во какова фаза ќе не поддржува.

Вашиот став за новиот оглас за Комисијата за заштита и спречување од дикриминација и предлог Закон за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој е во законска процедура?

Самет Скендери:

Мојот став околу Огласот за Членови на комисијата за спрчување и заштита од дискриминација е во насока на: Помалите заедници треба да се застапени како членови во оваа комисија. Ромите во оваа комисија треба да има член заради неколку аргументи: Ние сме најдискриминирана заедница по сите основи. Ова е потврдено од скоро сите извештаи и анализи кои се работени во последните 10 години. Во последната година имаше најмалку (3) три случаеви кои најдрско ги дискриминираше ромите.

Додека пак, за Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родени сметам дека ова не е Закон со кои се решава овој проблем. Ова е Закон со кој се сака само во моментот обезбедува остварување на права од социјална заштита, образование, вработување и здравсто. На ова прашање уште треба да работиме да им објасниме на сите дека овие луѓе мора да имаат документи за лична идентификација. Државата мора овој проблем да го решава со Закон и закони кои системски и трајно ќе се решаваат појавата на вакви случаеви.

Колку ромската заедница е информирана за вашите чекори која е подршката од нивна страна за системските и трајни решенија?

Самет Скендери:

Ние како мрежа настојуваме да бидеме транспарентни во нашето работење. Од активностите кои ги спроведуваме објавуваме содржини преку социалните мрежи, нашите членки ги информираат нивните членови за тоа што сакаме да постигнеме.

Во измнатиот период имавме и неколку пати прозивања од страна на членови на други здруженија и поединци Роми, прашуваа кои не организирал? Кој одлучувал кои здруженија да бидат во мрежата? и тн.

Во оваа прилика сакам да кажам дека првиот состав на мрежата беше со здруженијата кои беа дел од проектот “Надвор од кругот – невидливи за општеството“ финасиран од ИПА програмата на Европската Унија, на оваа група се приклучија и уште неколку здруженија на предлог од некои од членките во мрежата. Во моментот во мрежата членуваат (15) петнаесет здруженија кои работат на пршања поврзани со ромите.

Ваши идни чекори како мрежа, како ќе пристапите и кои се и очекувани резултати?

Самет Скендери:

Ние како мржа продолжуваме и во 2020 година. Темите за работа дополнително ќе ги договориме а ќе се договориме за пристапот и методологијата како ќе пристапиме. Засега има разговори околу пристапот и методологијата на дејствување на мрежата, што за мене преставува продуктувна работа. Но, едно е сигурно, ние здруженијата членки на мрежата веруваме дека интеграцијата на ромите не е завршена работа и дека има уште многу да се работи.

Вклучувањето на Ромите во општеството е единствено можно само низ системски трајни решенија во општеството и во оспособување на Ромската заедница да ги mainstreaming (вклучи во главни текови) потребите кон генералните заеднички јавни политики во државата.

 

Интервјуто го реализира тимот на 24vakti


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime