И денес ДСР во посета на граѓаните на Ш. О Членовите на претседателството на Демократските сили на Ромите предводена од претседателот д-р Шабан Салиу, остварија средби со граѓаните на општината Шуто Оризари.
На средбите покрај членовите на преседателството на ДСР учествуваа и носителот и кандидат за пратеник на ИЕ2 Владо Мисајловски во присуство со Коце Трајановски на ВМРО- ДПМНЕ, претседателот на огранокот на ВМРО ДПМНЕ во Шуто Отизари Ерџан Демири и коалициониот партнер Ерџан Селими од РОМ.
Почитувајќи ги мерките за претпазливост, средбите се остварија во помал број на присутни, но се постигнаа договори за заемна помош на престојните избори како партнери на „Коалицијата за обнова на Македонија“.
“Тешко е да се живее, но овие луѓе се упорни. Овие луѓе со срце како планина ќе издржат и сакаат еден убав и спокоен живот тука во Шуто Оризари”, изјавил Владо М исајловски.