Колумна

Кафе или боза?!

Еко Иљаз

После почетната еуфорија и големи очекувања, кај народот почнала фазата на спласнување на еуфоријата на големи очекувања, која богами траеше околу 2 години и неколку месеци исто како и пред  десеттина години и денес, ние како  етничка заедница сеуште не пронајдовме алтернатива , и многумина мислеа, многу повеќе од вчера дека од денес се ќе биде различно, со истите стари истрошени фаци.

И така забревтани, неосновано самоуверени, арогантни, гледајки од доле кон горе, дремејќи по кафичи по ДЕН(ови) и НОЌ, Гала кујни и слаткарници некаде во Бутел и разни бензински станици и шепнувајки секој на својот и така се до недоглед кој од кого што има да пренесе, кој на кого му е роднина, кој на кого рекет му удира и така во бескрај  се ситиме на нашите мизерии, не сфакајќи колку сме понижени од самите себеси, дали за изборот на кафето, бозата или топлата пастрмајлија а можеби и станува збор за изборот на местото на кое седиме, бидејќи на крајот на краиштата зошто би ги дале последните 50 полимерни денари ако местото на кое седиме не нуди најдобра “позиција” да бидеме видени, ама и да видиме се околу нас.

Аj, за малку ќе заборавев и на селфито без кое и најслаткото кафе може горко да биде, чисто за да се овековечи моментот за да може идната година само со едно шернување да се потсетиме, освен на кафето и местото на кое седиме и луѓето околу нас и најлесно да заборавиме на нашиот најголем потсетник – нашата мизерија изразена преку нашите тивки шепотења за нивните акции колку едните беа подобри од другите и обратно.

Тоа што еден куп други работи не се направија или се направија лошо, a мислевме дека поддршката дадена и тапкањето по рамо а најмногу спасувањето на сопствената кожа од кривични процеси  е доволна  причина само по себе, тоа е друга кардинална грешка за која верувам во иднина ќе имаме време да си ја чукнеме главата.

Важно сите се паднати во депресија, сите изигруваат емотивци, особено оние кои се во политика и кои немаат право на таков луксуз и несериозност преставувајќи се како водачи на нашиот ромски народ кој и онака ја напушта државата изнаоѓајќи разни начини низ цела западна европа, поучени се разбира од некои  Aufenthaltserlaubnis ромски политичари.

Останува да не се плашете  да си го искажете своето незадоволство од општата состојба, нормално, доколку сте незадоволни. Исто како што знаете гласно да воздигнувате и да оддавате признанија кога за тоа мислите дека има причина. Секогаш ќе има некој што ќе ве гледа „криво“, ќе ве озборува зад грб, ќе ви се потсмева на храброста и ревноста, секогаш ќе има луѓе што длабоко ќе се иритираат од вашите јавно искажани грижи, ставови или укажувања.

И речиси секогаш, луѓето што ќе ве презираат, во некој свој изолиран свет каде што никој нема да ги слушне,  си ги повторуваат речиси истите работи од коишто се згрозуваат кога вие јавно ќе ги искажете. Затоа што немаат храброст да истапат, немаат доволна мотивираност, или имаат доволна мотивираност од друг вид.

Но никако нема да признаат дека во вашите зборови има ред вистина, освен кога ќе секне мотивираноста од другиот вид, па тогаш ќе застанат до вас како досегашни невидливи ангели чувари и дамнешни поддржувачи на вашиот „лик, збор и понекогаш и дело“, со насмевка од свои до комшиските уши, за да  види Шутка дека постојат.

Недостигаат  мислења и реакции, и уште долго време ќе фалат како што и фалеа вчера ќе фалат и денес, а за утре ќе треба да се произнесме задутре и така до недоглед додека други стануваат фактор без кој не се може, единствени во тоа што е над личното, партиското па дури и во невладиниот сектор, на врвот на агендата стои нешто друго, место некоја возвишена цел која за нас е сон,  а за други е веќе јаве.

Можеме околу многу нешта да не се согласиме ама да бидеме реални дека последици мора да има од вака сфатениот живот, кога промените кај нас ромите се одвиваат како SLOW MOTION (забавена слика) а менталитетот и општествените двигатели си имаат свој тек и брзина дали поради не присутноста по сите вертикали и хоризонтали во државата и општеството, времето ќе покаже или веќе покажало, останува секој од нас да процени.

 

 

Еко Иљаз


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime