Келнери, градежници, медицински персонал – Германија бара работници, има место и за Македонците

Во првиот квартал на 2019 во Германија имаше 1,38 милиони слободни работни места, што е речиси за 200.000 повеќе во однос на истиот период минатата година, изјавија во вторникот од Сојузната агенција за вработување, истакнувајќи дека најголема побарувачка има за квалификувани работници од средното образование.

„Бројот на слободни работни места на почетокот на годината е намален, но тоа е поврзано со сезонските трендови. Во споредба со минатата година имаше зголемување на побарувачката за работници”, рече Александар Кубис од Институтот за истражување на пазарот на труд (IAB), кој дејствува поврзано со агенцијата за вработување.

Според најновите податоци, на 170 невработени лица им се паѓаат 100 слободни работни места.

Најголема е побарувачката во секторот на услужни дејности, по што следуваат градежништвото и здравството.

Особено голема е побарувачката за работници со средно образование, но и за инженери во областа на хемијата, машинството и градежништвото.

Во исто време, зголемена е и побарувачката за работници без квалификации.

Келнери, градежници, медицински персонал – Германија бара работници, има место и за Македонците


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime