Колку ли бргу помина ова година, како вчера да беше кога ја чекавме 2018 , а веќе сме на прагот на 2019 година.

Какви се нашите очекувања во новата 2019 година, за какви промени ќе се надевамe?

Искрено што се однесува до мене јас не очекувам дека новата 2019-та ке донесе било какви промени во однос на катастрофалната положба на Ромите во Македонија. „De ja vu» , се ќе биде исто освен последната бројка ќе се смени, наместо 8 ќе се додаде 9, ке кукаме за пари, за сиромаштија, ке молиме за собирање пари за поединци, а од друга страна ке се радуваме на богатите ромски свадби, прослави на матури, кумства, традиционални и не традиционални концерти и други екстраординарни веселби кои ја покажуват комплетната ромска хипокризија.

Не верувам дека новата година ке донесе било што, со што барем малку ке се променат работите на подобро. Секоја година сме сити од празните ветувања, кој течат како мед и млеко од лицата за кои им го дадовме нашиот глас, за нашето подобро утре.

Сиромаштија, сиромаштија, секоја година се подлабоко тонат ромските семејства, а најпогодени се оние во руралните ромски гетоизирани места, кои секодневно ги гледаме како роварат по контејнерите за ѓубре , како собират пластични шишиња и други секундарни суровини, колку толку нивното семејство да има некоја мала финансиска егзистенција.

Се вели дека ваквата сиромаштија секоја година е се подлабока, пред се кон маргинализираните групи како што се Ромите, длабока сиромаштија која ја отежнува едукативната социјална политичка и економска интеграција.

Ваквата катастрофална положба ми наликува на делови од филмот Мојсие, со една разлика што денес во реалниот живот не се камшикувани од страна на фараонските извршители, но се камшикувани од товарот на животот, и секојдневно остава траги од таквиот камшик.

Од една страна група Роми солидно облечени, напарфирисани, нови возила од разни светски моторни марки, од друга страна гладни , голи, боси , секојдневно сами во студени соби.

Не ми треба одговор каде се тие силни пари од различни Европски фондови наменети за Ромите, а кои требале барем колку толку да ја намалат сиромаштијата кај најранливата ромска категорија. Знам дека пред неколку години била отворена стигма за ромските фондови кои пристигале во одредени Источно Европски земји меѓу која е и Македонија.Тие пари беа билатерална помош, но тие не стигнале на адресата на они ко имаа потреба.

Тие се злоупотребени , а индикатор на злопотребата на овие фондови е фактичката социјал економска и политичка состојба на Ромите во Македонија.

За жал, свесен сум дека многу ромски семејства новата година ке ја пречекат во студени соби без огрев, без новогодишна трпеза, ке ја пречекат во друштво на свеќи, без електрична енергија, без ТВ, можеби некој ќе пронајде некое јадење по контејнерите, со кој барем малку ке им овозможи на своите деца да ја доловат новогодишната атмосфера , во однос на оние со богата трпеза , со разни новогодишни јадења и пијалоци.

Ке помине и ова ноќ како и секоја година, од утре повторно исто, тие со богати софри ке организират „live» хуманитарна акција преку социјалните мрежи, ке се удират по гради како големи хуманисти (читај не сите ) , ке се организират религиозни концерти, манифестации, ке поделат трошки, ма «get fucked» продолжете, имате шанса, оти лесно е да се манипулира со грото не образован, не воинствен мирен народ.

Трошките не можат да ги засити гладните, ниту индивидуалците можат на долго време да ја потиснат сиромаштијата, велам индивидуалци оние кои стварно искрено работат без профитерство .

Државните институции се тие кои на долгорочни стази можат да направат многу нешта за искоренување на сиромаштијата.

Време е за доста од таканаречени хуманитарни профитери, време е државата од зборови да премине во дела, доста од држава која за некого е мајка за некого макеа.

Мене не ми преостанува ништо друго сем да ви ја честитам новата 2019 година , сакам секој да има многу здравје, успех, радост и прекрасни моменти, да биде исполнет со разбирање, меѓусебно почитување, мир и толеранција.

Мозес Соломон (Мухадјер Сулејман)


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime