КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА МУ НАРЕДИ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“ ДА ЈА ПРЕКИНЕ СЕГРЕГАЦИЈАТА НА РОМСКИТЕ ДЕЦА

Брисел, Скопје 17 август 2022: Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на
Република Северна Македонија издаде мислење против основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“
во Битола, при што надлежните имаат рок од 6 месеци да ги спроведат мерките за
намалување на сегрегацијата на ромските деца во училиштето. Одлуката, донесена на 19
април 2022 година и објавена на 12 август 2022 година, е одговор на претставката што ја
поднесе Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) против општинското основно
училиште врз основа на сегрегација на ромските деца.
„Низ годините, сведоци сме на преголема застапеност на ромски деца која прогресивно се
зголемува со растечки број на исклучиво ромски одделенија во основното училиште „Ѓорѓи
Сугарев.”Податоците за учебната 2021/2022 година се посебно алармантни, со вкупно 77
првачиња Роми запишани во училиштето. Тоа покажува дека ова училиште сè повеќе

КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
МУ НАРЕДИ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“ ДА ЈА
ПРЕКИНЕ СЕГРЕГАЦИЈАТА НА РОМСКИТЕ ДЕЦА

станува целосно сегрегирано, т.е. само за Роми“, објаснува Сенада Сали, правен директор
на ЕЦПР.
„Во моментов ја чекаме пресудата од Европскиот суд за човекови права за овој случај. Иако
мислењето на Комисијата е важно е за нас и за родителите и децата кои ги застапување,
нема да ја запреме правната битка сè додека властите не направат десегреграција на
училиштето и им дадат шанса на ромските и не-ромските деца од Баир да учат заедно,
во инклузивна и етнички разновидна средина.”

Според одлуката на Комисијата, практиките на училиштето за упис на ученици претставува
индиректна дискриминација против децата Роми кои се сегрегирани врз основа на нивната
етничка припадност, што е спротивно на Законот за основно образование. Досега, родителите
на не-ромските ученици беа во можност да ги запишат нивните деца во училишта надвор од
средината во која живеат поради селективна примена на законот од страна на училиштето.
Тоа значеше дека училиштето де факто стана етнички сегрегирано бидејќи на голем дел од
не-ромските деца им беше дозволено да се префрлат во училишта во други средини – појава
позната како „бегање на белите деца.”

Комисијата даде препорака за директорите на училиштата во оваа област да ги запишуваат
само оние деца кои административно припаѓаат на тоа училиште. Министерството за
образование и наука доби инструкции да утврди построги критериуми за упис на децата во
училиште што е надвор од нивниот регион. Тоа има за цел да го намали бројот на деца кои се
запишуваат во училишта надвор од нивната област, што пак треба да намали сегрегацијата.

Комисијата даде препорака за училиштата да го зголемат бројот на образовни асистенти. Тоа
треба да ја подобри социјализацијата и почитувањето меѓу децата, да ја зголеми соработката
меѓу властите и граѓанските организации во насока на намалување на запишувањето на
децата во други училишта од страна на не-ромските родители и за подобрување на
познавањето на македонскиот јазик меѓу ромските деца.

 

Related post