Конкурсот за доделување на стипендии за средношколци Роми за учебната 2021/2022

– Сите ученици кои исполнуваат услови за доделување на стипендии на средношколци Роми за учебната 2021/2022 година потребно е да достават комплетна документација на адреса на Министертвото за образование и наука. Оние ученици кои не се од Скопје, можат документите кои се потребни согласно Конкурсот, а се подолу наведени да ги достават преку пошта на адреса: Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, до Министертво за образование и наука, со назнака Конкурс за стипендии за средношколци Роми;
– Оние ученици кои се од Скопје, целосна и комплетна документација можат освен по пошта, да доставата на приемниот шалтер на пријавницата на Министертвото за образование и наука. Апелирам до овие ученици и родители кои ќе дојдат на шалтерите за достава, да ги подготват и пополнат комплетно потребните документи за да не се создава метеж или гужва и да нема подолги задржувања поради мерките и состојбата со КОВИД 19, односно да имаат комплетно подготвени и пополнети документи од причина што нема да има можност за пополнување на лице место.
Потребни документи за аплицирање согласно Конкурсот:
1. Барање за стипендија (истото може да се симне од интернет страната на МОН, https://mon.gov.mk/…/6.%20Baranje%20za%20stipendija.doc);
2. Оригинал потврда за редовност на ученикот во учебната 2021/2022 година (се зема од училиштето);
3. Заверена фотокопија кај нотар од свидетелство од последната или претходната учебна 2020/2021 година (напомена: учениците од прва година аплицираат со свидетелство од деветто одделение);
4. Изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија од друга институција или фирма (истата може да се симне од интернет страната на МОН, https://mon.gov.mk/…/4.%20Izjava_druga%20institucija…);
5. Изјава дека кандидатот е припадник на ромската етничка заедница (истата може да се симне од интернет страната на МОН, https://mon.gov.mk/…/5.%20Izjava_Romska%20etnicka…);
6. Копија од уверение за државјанство на ученикот (НЕ треба да биде заверено на нотар);
7. Согласност за користење на лични податоци (истото може да се преземе од страната на МОН, https://mon.gov.mk/…/7.%20Soglasnost%20za%20obrabotka…);
8. Пријава за стипендирање на средношколци Роми (истата може да се преземе од страната на МОН, https://mon.gov.mk/…/3.%20Prijava%20za%20stipendisti…); и
9. Копија од трансакциска сметка на име на ученикот со полномошно на родителот.
Сите овие документи испечатени и комплетно пополнети треба да бидат доставени до Министертвото за образование и наука, по пошта или на пријавница, најдоцна до 15.09.2021 година.
Приемот на документи на пријавницата на Министертвото за образование и наука е секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Со почит,
Арабела Иљаз

Related post