Конкурс за доделување на стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.96/19 и 110/19), член 54 став 3 од Законот за ученички стандард („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), а согласно Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 226/22) и Решението за распишување на Kонкурс за доделување стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 бр. 19 – 13037/2 од 27.10.2022 година, Министерството за образование и наука, распишува

 

 

КОНКУРС

за доделување на стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година

 Министерството за образование и наука за учебната 2022/2023 година ќе додели 920 (девестотини и дваесет) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Во учебната 2022/2023 година се доделуваат вкупно 920 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:

 

  1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 270 стипендии за средношколци Роми за учебната 2022/2023 година во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
  2. Во втората категорија се доделуваат 320 стипендии за средношколци Роми за учебната 2022/2023 година во висина од 1.500,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
  3. Во третата категорија се доделуваат 180 стипендии за средношколци Роми за учебната 2022/2023 година во висина од 1.200,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 – 3.49 во последната учебна година;
  4. Во четири категорија се доделуваат 150 стипендии за средношколци Роми за уебната 2022/23 година во висина од 800,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 – 2.99 во последната учебна година.

 КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2) да не повторувале во претходната учебна година;

3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;

4) да се припадници на ромската заедница; и

5) да се државјани на Република Северна Македонија

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета и четврта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените.

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, од ­­28.10.2022 до 13.11.2022 година, од 08-16 часот.

Потребни документи за доставување се следните:

  1. Барање за стипендија (објавено заедно со конкурсот на www.mon.gov.mk);
  2. Оригинал пријава (не копија) за стипендирање на средношколци Роми (објавена заедно со конкурсот на www.mon.gov.mk);
  3. Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2022/2023 година;
  4. Заверена фотокопија кај нотар од свидетелство од последната учебна година на школување;
  5. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија (објавена заедно со конкурсот на www.mon.gov.mk);
  6. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (објавена заедно со конкурсот на www.mon.gov.mk);
  7. Копија од уверение за државјанство на Р. Северна Македонија;
  8. Согласност за користење на лични податоци;
  9. Копија од трансакциска сметка од банка на име на ученикот.

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр. 189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

– Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 28.11.2022 година на интернет страницата на Министерството

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 10.12.2022 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

Прва категорија: Стипендии за ученици со успех од 4.50 до 5.00

Првата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2022/2023 година ќе бидат доделени вкупно 270 стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 2,200.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49

Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2022/2023 година ќе бидат доделени вкупно 320 стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 1,500.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49

Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2022/2023 година ќе бидат доделени вкупно 180 стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1,200.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Четврта категорија: Стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99

Четвратата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2022/2023 година ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии. Висината на стипендијата за четврата категорија изнесува 800.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Стипендиите од сите пет категории кои нема да бидат доделени можат да се префрлаат за доделување во друга категорија на стипендии, наведени во овој Конкурс.

  1. Prijava za stipendisti 2022-23.doc
  2. 4. Izjava_druga institucija ili firma 2022-23.doc  
  3. 5. Izjava_Romska etnicka zaednica 2022-23.doc  
  4. 6. Baranje za stipendija_1.doc  
  5. 7. Soglasnost za obrabotka na licni podatoci_1.doc

Related post