КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии
Врз основа на член 49 став 1 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18 и 20/19) и член 2 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 168/19), Министерството за образование и наука распишува
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2019/2020 година
Министерството за образование и наука за студиската 2019/2020 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа по следните групи:
а) Прва група – 1.470 стипендии за студенти од социјални категории;
б) Втора група:
– 635 стипендии (564 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 36 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
– 265 стипендии (260 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;
в) Трета група:
– 500 стипендии (480 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.
– 100 стипендии
(67 стипендии за студенти, припадници на македонскиот народ, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:
• 20 стипендии на студиите по хемија,
• 20 стипендии на студиите по физика,
• 30 стипендии на студиите по математика и
(33 стипендии за студенти од припадници на заедниците кои не претставуваат мнозинство во Република Северна Македонија запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:
• 10 стипендии на студиите по хемија,
• 10 стипендии на студиите по физика,
• 15 стипендии на студиите по математика.
Повеќе за конкурсот на следниот линк Конкурс за стипендии за Роми во Средно образование 2019/2020