К О Н К У Р С – За поетски творби за музичко-поетската вечер „ЕУРОМОНД 21“

Ромскиот културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ од Скопје објавува конкурс за поетски творби на ромски јазик за потребите на музичко-поетската вечер „ЕУРОМОНД 21“.

Проектот се реализира во рамките на програма за проекти од национален интерес во културата за 2019 година од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Право на учество на конкурсот имаат автори кои творат на ромски јазик, а на истиот може да се пријават со максимум 3 поетски творби кои се создадени на литературен ромски јазик или на било кој дијалект на ромскиот јазик со препев на истата на македонски јазик. Поетските творби треба да бидат напишани со латинично писмо, со фонт Ариел 12 и проред 1,5. Поетските творби треба да се досега необјавени во печатена или електронска верзија.

Жири комисија составена од експерти од областа на книжевноста и други области од културата ќе одлучуваат во изборот на максимум 10 поетски творби од различни автори кои ќе бидат учесници на поетско-музичката вечер „ЕУРОМОНД 21“, а сите поетски творби кои ќе учествуваат на конкурсот без разлика дали се одбрани да бидат дел од музичко-поетската вечер, по завршувањето на истата ќе бидат објавени во збирка поезија насловена како ЕУРОМОНД 21, издание 2019 година.

Поетските творби се испраќаат исклучиво по електронска пошта, со назнака во полето за предмет: За ЕУРОМОНД 21 и истите треба да бидат прикачени како Microsoft Word документ или PDF документ на следната адреса: barikanipe@gmail.com .

Покрај творбите секој автор треба да достави како состав на истото писмо по електронска пошта и куса биографија на македонски и/или ромски јазик во која ќе се наведат досегашните активности во областа на книжевноста и/или културата.
Краен рок за испраќање на поетските творби е 6 октомври (недела) до 23.59 часот.

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime