Македонија Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат
Податоците од центрите за социјални работи, но и од родителите укажуваат дека питачењето и појавата на деца на улица не се сфаќаат сериозно, и покрај преземените мерки од страна на надлежните органи
Еден од главните предуслови за решавање на проблемите со питачењето и со честата појава на деца питачи на улиците е подобрувањето на социолошката и економската состојба во која егзистираат нивните семејства. Државниот советник од канцеларијата на Омбудсманот, Васка Бајрамовска-Мустафа, вели дека според истражувањето кое било направено од нивната страна, иако е забележливо дека државата презема мерки со носење на протоколи за надминување на проблемот со појавата на деца на улица, сепак, проблемот се уште постои.
„Ако не скоро и сите деца кои што питачат се припадници на ромската заедница, потекнуваат од семејства што живеат во крајно лоши услови на живеење, во супстандардни услови за живеење, без вода, без електрична енергија, без никакви можности за нормален раст и развој, родителите се со многу ниско, ако не и без никакво образование, без работа и единствено егзистираат или преку питачење или евентуално преку обезбедување на право на социјална заштита“,
рече Бајрамовска-Мустафа.
Таа вели дека на оваа појава треба да се пристапи посериозно и оти е крајно време да се вклучи алармот за целосно посветување кон изнаоѓање на решение на проблемот со децата питачи бидејќи одреден дел од овие лица не се впишани ниту во матичната книга на родени, што само по себе ги прави социјално поранливи. Дополнително, вели, потребно е вклучување на сите институции за решавање на проблемот оти голем дел од децата не питачат сами, туку со своите родители или други лица.
изјави Бајрамовска-Мустафа.Овие пораки беа испратени по повод 12 Април – Меѓународниот ден на децата на улица, на настанот „Растењето на децата во здрава семејна средина, со квалитетна родителска грижа – клучен сегмент за ефикасно решавање на негативната појава – деца на улица и питачењето“.