МАКЕДОНСКИОТ СУД ДОНЕСЕ ВТОРА ОДЛУКА ПРОТИВ БАЗЕН ЗАРАДИ ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РОМИ СО ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ПРАВАТА НА РОМИТЕ ДА БИДЕ ТУЖИТЕЛ ВО СУДСКАТА ПОСТАПКА

Основниот суд во Битола, Р. Македонија, донесе ВТОРА
пресуда против базенот Довлеџик во Битола поради директна дискриминација и повреда на правото на
еднаквост на неколку Роми со тоа што не им дозволил влез на базенот на 12.08.2017 година поради
нивната етничка припадност.

Судот му нареди на правното лице кое управувало со базенот Довлеџик да ја прекине практиката за одбивање влез на базенот за Роми и исплата на оштета во висина од 10.000
денари за секој тужител поединечно.

Оваа е веќе втора пресуда на македонските судови во кои како доказ се прифаќа тестирање на ситуација
која е организирана од страна на Европскиот Центар за правата на Ромите. Во оваа постапка тимот на
ЕЦПР меѓу кои и Сенада Сали, правник во ЕЦПР, Адвокат Кети Јандријеска Јованова адвокатка од Скопје и Мустафа Асановски монитор од ЕЦПР, на 12.08.2017 година во соработка со локалната НВО Баирска Светлина од Битола, организираше тестирање за дискриминација во Битола во кое беа вклучени шестмина Роми и пет не-Роми, а подоцна резултатите од ова тестирање беа поднесени до судот како доказ. Притоа, на сите лица кои не се Роми им било дозволено да влезат на базенот, додекана сите Роми  им бил забранет влез.
Овие две пресуди на Основниот суд во Битола праќаат порака дека ‘Ромите не смеат повеќе да бидат
дискриминирани’ и ќе имаат позитивен ефект за Ромите во Битола.
“Пред се ова е голема победа на Ромите од Битола, кое секое лето се соочуваа со расна дискриминација
на локалните базени, а истото тешко можеа да го докажат.

Токму тестингот ни помогна да собереме доволно докази за ваквата систематска пракса и соодветно да го претставиме проблемот пред Судот. Несомнено, пресудата од ваков вид претставува прецедент во македонското судство (а верувам и во регионот). Значајно е тоа што Судот најде директна дискриминација на група граѓани во однос неколку заштитени основи истовремено : етничка припадност, боја на кожа и пол.

Искрено, се надевам дека ваквата пресуда ќе служи како лекција за потребата од толеранција и
соживот меѓу различните заедници во државата” – рече Сенада Сали, правник во ЕЦПР

“Значајно во овој предмет е и тоа што за прв пат во Република Македонија е донесена позитивна
судска пресуда со која на невладина организација, во конкретниов случај на Европскиот Центар за
правата на Ромите, и се признава правото на активна легитимација да биде тужител во судската
постапка согласно чл.41 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Во моментов ЕЦПР
се јавува како тужител во уште неколку судски постапки и очекуваме и другите судии да го следат
овој пример“, рече Адвокат Кети Јандријеска Јованова од Скопје, која ги застапуваше Европскиот Центар за правата на Ромите и останатите тужители во постапката.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime