МТСП: На располагање 10,8 милиони евра, ги повикуваме општините да развиваат социјални услуги

Вкупно 10,8 милиони евра од Министерство за труд и социјална политика се ставени на располагање на општините во Република Северна Македонија за развој на социјални услуги на локално ниво за следните 5 години. Министерството ги повикува општините да пројават интерес и да аплицираат за грантови наменети за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата.

Со „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ МТСП го развива и подобрува на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, според потребите на граѓаните и пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица. Целта е овие сервиси да ги развиваат локалните самоуправи или во партнерство со други даватели на услуги. Средствата од грантот ќе бидат наменети за воспоставување на услугата и финансирање на услугата по корисник по утврдена цена на услугата во наредните 12 месеци.

Во рамките на проектот обезбедена е техничка помош за општините за проценка на потребите и побарувањата за социјални услуги на локално ниво во периодот додека трае повикот за изразување на интерес. На општините кои ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на експерт ангажиран во рамките проектот.

Повикот е веќе објавен во два дневни весника и на веб страницата на министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk (проект за подобрување на социјалните услуги), кадешто го има и формуларот за пројавување на интерес. Крајниот рок за изразување на интерес за добивање на грантовите е 31 октомври годинава.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime