Ерџан Демир: Со намалување на буџетот за Роми, ќе придонесува за проширување на сиромаштијата кај Ромската заедница.

Почитувани сограѓани Роми, бидејки сите други молчат јас би сакал да ве информирам односно известам за некои донесени владини уредби а се поврзани со Ромската заедница.

На владината седница одржана на 15.Мај.2020 година, Владата на Република Македонија донесе уредба за изменување и дополнување на буџетот за 2020 година со цел да одговори на потребите на новонастанатата криза со вирусот CIVID19. Со новиот ребаланс на Буџетот средствата наменети за Поддршка на Декадата и Стратегијата за Роми e НАМАЛЕН за 34%, односно од 73 милиони денари (1,2 милиони евра).

Во рамките на буџетските корисници од приоритетните области од Стратегијата за Роми 2014-2020, направени се следните промени:

• Министерство за труд и социјална политика од 8,330,000 денари (околу 130 илјади евра), е скратен за 26% и истиот изнесува 6,141,000 денари (100 илјади евра)

• Министерство за транспорт и врски од вкупниот планиран буџет од 40,000,000 денари, (650 илјади евра) со ребаланс на буџетот истиот е скратен за 50%, новиот буџет изнесува 20,000,000 денари (325 илјади евра)

• Министерството за образование и наука од вкупниот планиран буџет од 21,982,000 денари, (350 илијади евра) со ребалансот на буџетот истиот е скратен за 15% и истиот изнесува 18,782,000 денари (околу 300 илјади евра)

Кратењето на Буџетот за поддршка на имплементација на стратегијата за Роми исто така е во спротивност со препораките на Европската Комисија, каде што во Извештајот за напредокот во 2019 се нотира дека “останува уште многу да се направи во имплементацијата на стратегијата се со цел поголема интеграција на ромската заедница“.

Во услови кога Ковид19 вирусот предизвика сериозни економски и здравствени последици врз сите, а особено врз Ромската заедница, намалувањето на Буџетот за поддршка на имплементацијата и стратегијата на Ромите уште повеќе ја загрозува позицијата и придонесува за проширување на сиромаштијата кај Ромската заедниц, се вели во соопштението на Ерџан Демир – претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ- ШУТО ОРИЗАРИ


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime