НАРЕДБА ЗА ВЛАСТИТЕ ДА ОБЕЗБЕДАТ ВОДА ЗА РОМСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО ПРИЛЕП, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Брисел/Скопје,25 август 2022 год.: Локалните власти во Општина Прилеп добија наредба да
обезбедат пристап до чиста вода во ромските населби „Дебарца“ и “Три багреми“ во Прилеп.
На 23 август 2022 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја објави
одлуката со која се утврдува дека Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација – Прилеп
сториле директна дискриминација врз Ромите од градот преку необезбедување еднаков
пристап до вода. Ваквата одлука доаѓа по поднесена претставка/петиција од страна на
Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) во има на ромските жители од овие населби.
Јавните институции има шест месеци за да ја спроведат одлуката.
„Не е случајно тоа што Ромите остануваат неповрзани на јавната водоводна мрежа,
често и со децении“, рече Ѓорѓе Јовановиќ, претседател на ЕЦПР. „Институционалниот
расизам значи дека овие заедници биле запоставени и им била негирана основна
инфраструктура од страна на јавните власти. Водатае од суштинскозначење,а без неа
овие Роми не можат целосно да го уживаат еднаквиот пристап до образование, добро
здравје и хигиена, до вработување, како и сите други области од животот кои се
засегнати со недостигот на чиста вода во домот“.
И покрај тоа што таму живеат со години, ромските заедници во населбите „Дебарца“ и „Три
багреми“ никогаш не биле поврзани на главниот водовод. Дел од причината е тоа што многу
домови во овие населби никогаш не биле легализирани од страна на општината. Одлуката на
Комисијата го споменува овој проблем и вели дека доколку постојат правни пречки во однос
на легализацијата на домовите во населбата, тогаш властите мора да обезбедат времено
решение што ќе обезбеди чиста вода за сите ромски семејства кои живеат во таа област.
Одлуката што ја објави Комисијата утврдува директна дискриминација врз основа на раса,
боја на кожа, етничка припадност, социјално потекло и имотна состојба во областа на пристап
до добра и услуги. ЕЦПР има поднесено тужба пред Основниот суд во Прилеп за овој проблем.