На проевропските политичари им требаат гласовите на Ромите

На претстојните избори за Европскиот парламент, иднината на ЕУ виси на конец. И иако има околу 400 милиони гласачи, само неколку стотици илјади од нив би можеле да ја променат рамнотежата на моќ во Парламентот, а крајната десница е подготвена да го зголеми својот дел од местата.

Сепак, проевропските кандидатите сè уште можат да го спречат овој очекуван пораст доколку успеат да мобилизираат поддршка меѓу оние за кои европските вредности — еднаквост, слобода, солидарност, човекови права и владеење на правото — навистина значат нешто. А, со оглед на нашата бројност и демографија, ромските гласачи во ЕУ се едно такво очигледно избирачко тело.

Ромската популација од 6 милиони во рамките на ЕУ е присутна во речиси секоја земја-членка, а по големина може да се спореди со земја-членка од средна големина како Данска. Ромите дури сочинуваат околу 10 проценти од населението во некои земји на ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија, Бугарија и Словачка. Покрај тоа, има два пати – а во некои земји дири и три пати – повеќе Роми помлади од 15 години отколку меѓу мнозинското население, што значи дека заедницата има релативно висок број на оние кои ќе гласаат за прв пат.

Затоа, ако бидат сериозно сфатени и кон нив се постапува чесно, Ромите би можеле да одиграат важна улога во обликувањето на иднината на ЕУ и зајакнувањето на нејзините демократски темели. За жал, проевропските политичарите не можат автоматски да сметаат на нивниот глас.

Со неколку чесни исклучоци, политичарите едноставно имаат направено премногу грешки, оддалечувајќи голем дел од ова важно бирачко тело.

Прво, многу лидери — особено по економската криза од 2008 година — ги оставија Ромите во полоши услови од многу жители во глобалниот југ. Најновите податоци покажуваат, на пример, дека додека вработените кои се сиромашни во ЕУ сочинуваат 8,5 проценти од населението, меѓу Ромите тие изнесуваат 39 проценти — речиси исто колку и во супсахарска Африка (38 проценти).

Уште повеќе, ова ниво на сиромаштија беше искористено за купување гласови и присила. И додека е вистина дека ваквите недемократски практики се користат и за да се придобие руралното сиромашно и друго население, Ромите низ цела ЕУ се несразмерно изложени на нив.

Конечно — и најважно — про-ЕУ политичарите премногу често остануваат молчаливи кога крајната десница ги напаѓа Ромите. Раниот успех на конзервативната партија Јобик во Унгарија и Лига во Италија првенствено се должеше на злоупотребата на предрасудите кон Ромите. Овие примери исто така сугерираат дека проевропските лидери ја гледале крајната десница повеќе како аберација што им се заканува само на маргинализираните заедници отколку како рано предупредување за сериозна закана за нив и за демократскиот систем — колку погрешија!

Така, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан го искористи анти-ромскиот расизам за да ги надвладее судовите пред околу пет години, тогашната германска канцеларка Ангела Меркел остана молчалива. Нејзината влада, партијата и европското политичко семејство продолжија да соработуваат со владата на Орбан, а ЕУ продолжи да насочува пари кон неговиот режим.

Овие лидери покажаа сличен став и во нивната надворешна политика. На пример, во 2018 година, кога озлогласената украинска крајно десничарска група C14 организираше серија насилни напади врз ромските населби, што доведе до бруталната смрт на 24-годишниот Даниел Пап, и поттикна протести пред украинските амбасади низ Европа, проевропските лидери одбраа да не застанат со нив.

Во слична геополитичка калкулација, додека високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел го осуди убиството на Џорџ Флојд во САД, отприлика во исто време, убиството на Станислав Томаш — Ром во Чешка — не предизвика значителна реакција. Русија, од друга страна, ја искористи приликата да застане со Ромите, посочувајќи на морална и политичка недоследност на ЕУ.

Со текот на времето, сето ова ја наруши довербата на Ромите во демократијата, поттикнувајќи многумина да се воздржат од гласање или — уште полошо — да се приклонат кон анти-европските сили. Некои од крајната десница, барајќи да ја искористат оваа ситуација, се обидуваат да ги придобијат незадоволните сегменти од оваа популација. Во Романија, на пример, каде што има околу 1,5 милиони Роми — најголемата ромска популација во ЕУ — крајно десничарската партија Алијанса за унија на Романците се обидува да ги привлече конзервативците меѓу оваа заедница, кои не треба да се потценат по бројност.

Секако, нереално е да се поправат сите овие неправди пред изборите во јуни, но сепак постојат работи што може да се направат за да се направи разлика во краток рок. И како би изгледало ова во пракса?

Обично, проевропските политичарите се воздржуваат од обраќање кон нашите ромски заедници од страв да не ги изгубат гласовите од мнозинското население и да не ги мобилизираат оние од крајната десница. Меѓутоа, треба да сфатат дека постои ефикасен начин да се зборува за Ромите во јавните кампањи. Тие треба да разјаснат дека нашето исклучување од образованието и вработувањето ги оштетува нашите економии, создавајќи финансиски загуби за сите. Нивната порака треба да биде дека е неопходно да се инвестира во секој граѓанин на ЕУ за да се решат алармантните недостатоци на работната сила и трошоците за живот во блокот.

Понатаму, Ромите отсекогаш биле лојални. Не треба да се бараат докази во историјата за ова: во моментов — иако се сеќаваат колку неправедна била Украина кон нив — Ромите се борат за Украина, бранејќи ги европските вредности. За разлика од крајно десничарската политика, која расте преку напаѓање на сограѓани, ромската политика се заснова на соживот.

Без оглед на непосредниот резултат од овие избори, про-европските политичари имаат голема задача пред себе. Мораат да го повратат кредибилитетот и довербата меѓу своите гласачи — а тоа ја вклучува работничката класа, руралните гласачи, жените, Ромите и другите кои ги игнорирале, разочарале и налутиле.

Имитирање на аргументи на крајната десница за прашања како што е миграцијата, со надеж дека ќе ги достигнат овие групи, е само поразително. За да преживее европскиот проект, овие политичари мора да градат мостови со поголем дел од своите граѓани — не да ги палат. Линк

Авторот е претседател на Ромската фондација за Европа.

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post