На 3 ноември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје со физичко присуство, предавање ќе одржи уметникот Сеад Казанџиу
Наслов на предавањето е „Функцијата на идентитетот во современата уметност“, а разговорот со уметникот ќе го води Артан Садику.
Сеад Казанџиу е еден од уметниците, чии дела ќе бидат изложени на претстојната изложба „Се што ни е заедничко“, организирана во Музејот на современа уметност – Скопје заедно со Меѓународното биенале – Манифеста и која ќе биде отворена на 8 ноември.
На ова предавање и преку делата на Казанџиу ќе разговараме и истражуваме како прашањата врзани со идентитетот се карактеристични во современата уметност денес.
Дали идентитетот е ограничување во однапред определн опсег или отвора неограничен простор за истражување кон зголемување на видливоста на гласовите што не можат да се слушнат.
Како се политизираат малцинските наспроти доминантните идентитети? Дали современата уметност денес станува премногу оддалечена од традиционалните идентитети така што ја раскинува врската со еманципацијата?
Сеад Казанџиу (роден 1987 г.) е визуелен уметник од Балтез-Фиер во југозападна Албанија, кој моментално живее и работи во Тирана. Тој работи во различни медиуми, вклучувајќи сликарство, инсталации, видео и изведби. Работата на Казанџиу како уметник и генерално како културен продуцент ја отсликува неговата позиција како албански државјанин Ром. Длабоко свесен за начините на кои општествените и политичките хиерархии во рамките на националната држава ги зајакнуваат нееднаквите привилегии и го спречуваат учеството, практиката на Казанџиу предничи и се занимава со прашањата на политиката, активизмот, предрасудите, исклученоста и животната средина. Неговото создавање слики ги претставува напорите на еден уметник посветен на враќањето на достоинството на една културна група која е насилно и неправедно маргинализирана во структурите на европската демократија.