Неазависност со неисвесност полни 27 години

Македонија слави 27 години од својата независнот.

Дваесет и седум години, од кои само првите девет години била оаза на мирот на Балканот, до случувањата во 2001 година, кога „борците за човекови права „со оружје од планините се преселија во државните институции.

Оазата на мирот отиде јабана, но јабана отидоа и нејзините граѓани, кои од година во година се повеќе го стегаа ременот додека не стигна до последната дупка. Од немај каде некој си земал бугарски пасош, го смениел својот индетитет од Македонец во Бугарин , некој се посречи со работни или студенски визи за некоја си ЕУ држава, а некој замина отаде океанот по потрага за подобар економски живот. Останаа оние кој немат друг излез, сем надеж за некое подобро утре.

Заминаа, македонци, албанци, роми,турци, заминаа многу, а богами и азиланти.Никој од нив, повеќе нема ни намера да се врати долу, во некогашната „оаза на мирот“ наречена Македонија.Луѓето ја напуштија поради општеството,кодошите,предавниците,криминалците, поради мешаноста на политиката во секојасфера од животот.Живото е суров со власт која не можела да прифати ни најблага критика .

Сите овие години се менуваа шефови на државата, влади , премиери, министри , пратеници, сите се колнеја дека тие се тие , кој народот ги избра и нивната единствена задача е да го подобрат, политичко социјалниот економски статус на своите граѓани. Граѓаните останаа со прст во уста , а тие само си го здебелуваа банкарското салдо.Се се врзуваше на она „Све је исто само њега нема.“Не клукаа 27 години и ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ дека нашиот влез во ЕУ НАТО е условен поради спорот со името.

И, ете после толку години се појавила некоја си политичка партија,СДСМ ) додуша таа постоеше од самото осамостојување на државата, но со поинаков , и сменет политички човечки капацитет , пред се проEвропски и проНАТО ориентирани, па и до толку што и името на државата ( референдумот за името сум сигурен дека ке биде позитивен) го смениле за тие аспирации.

Рука на срце сите досегашни влади беа кон таа насока ориентирани и согласни кон решавање на спорот на името со Грција, но пред својот народ тие беа патриоти кои никогаш за било што не би го смениле името на државата. Но зад тој задкулисен патриотизам, постоеше нешто друго, самиот влез во ЕУ и НАТО е условен со иземање и рачистување на корупција,државен криминал, непартсико судтсво односно реформи во судтсвото унапредување и едуцирање на органите за безбедност и нивно ставање за вон партиски интереси.

Е, да, нив не им одговараше, оти овие државни и правни институции им служеле за одмазда кон своите политички противници, им служеле како параван за правење криминал и нивно лично амнестиранње од било каков вид на државен криминал и корупција, но и за нивно долгорочно владеење и ширење страв и несигурност, како и фабрикација за поделбите меѓу партиски и национално етнички групи , со што би го зајакнувале својот владејачки трон. Промената на името , не би им одговарало, сигурно не од некакви си патриотски побуди, токму напротив самиот влез во Еу и НАТО кој беше условен од горе наведеното не им одговараше поради нивната корупираност и криминал.

Дилот што го добивме со договорот, преставува неизвеснот не само во пуката интеграција на Македонија во европското семејство туку и неизвесност , колку ли Македонија ке се сноси со предизвиците и наметнувањата на ЕУ во поглед на побарувањата од политички , правен , социјален и економски аспект.

Дали со самиот влез во ЕУ младите ке останат во Македонија, ке има ли доволно работни места, ке се доближиме ли до стандарите на ЕУ, во сите свери на политичкиот социјалниот еконосмки и правен аспект ?

Голема е неизвесноста во поглед на овие прашања, самиот влез не значи дека доенчето Македонија ке проода толку бргу, доколку носителите на државните одлуки не го сменат она проклетото балканско во себе.

Романија и Бугарија е примерот на лоша водена политика која ја водат сеуште кримогени државници, и се на најдолното дно во ЕУ семејството, без почитување на одлуките на ЕУ во врска со економските политички мерки и правата на човекот.

Од друга страна пак влезот во НАТО е со позитивен исход,заштита на постоечката државна граница од идеалите на комшиските идеологии за голема Албанија, Бугарија,Грција и Србија.

Како и да е , еден ден ова балканска земја , ке биде дел од европското семејство сакале или не тоа е иднината.

Мозес Соломон (Мухаџер Сулејман)


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime