Нема лична карта, нема живеалиште – извршил шест кражби во Скопје

Скопското основно јавно обвинителство ќе покрене обвинение против 20 годишник од Скопје кој ограбил четири куќи и еден маркет во Шуто Оризари.

Како што информираат од обвинителството, скопјанецот во периодот од 01 декември 2019 до 06 јануари 2020 година со умисла извршил пет провали, притоа искористувајќи исти прилики и слични околности.

Обвинетиот 20-годишник провалил во четири куќи и во еден маркет и одзел туѓи вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, кутии цигари и алати. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на околу 180.000 денари.

На 29. ноември минатата година истото лице од џеб на јакна на скопјанец украло мобилен телефон вреден 45.000 денари.

Разбојникот се товари за продолжено кривично дело – тешка кражба, како и едно кривично дело – кражба.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на судот да ја продолжи претходно определената мерка притвор затоа што постои опасност од бегство, на што упатува фактот дека се работи за лице кое не поседува лична карта, нема постојана адреса на живеење, а претходно е осудувано за исто кривично дело.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime