Нов вирус сличен на свинскиот грип откриен во Кина

Нов вирус што е сличен на свинскиот грип од 2009 година и кој може да предизвика пандемија е откриен од страна на кинеските научници, пишува Би-би-си.

Вирусот може да се пренесе на луѓето, а неговиот главен носител се сметаат домашните свињи.

Истражувачите се загрижени дека вирусот може да мутира, да стане лесно пренослив од личност до личност и да доведе до нова епидемија.

Вирусот до денеска не се покажа како проблем, но научниците велат дека ги покажува сите знаци на брзо приспособување на луѓето и има потреба од внимателно следење.

Последната пандемија со која се соочи човештвото пред сегашниот бран на коронавирус беше свинскиот грип од 2009 година, кој почна во Мексико. Таа, за среќа, не се покажа толку смртоносна како што стравуваа експертите. Се покажа дека постарите лица имаат одредени нивоа на имунитет, што веројатно значи дека имало слични бранови на болеста во минатото.

Тој вирус, кој беше наречен A/H1N1pdm09, е вклучен во годишните вакцини против грип и се смета дека ги штити луѓето.

Новиот вирус, откриен од кинески научници, е сличен на свинскиот грип, но има некои разлики. Истражувачите го нарекоа G4 EA H1N1 и велат дека може да се сместува и да се размножува во клетките, што ги покриваат дишните патишта на човекот .

Вирусот е пронајден кај работници во кланиците во Кина. Сегашните вакцини против грип не штитат од него, но експертите велат дека препаратите може да се модифицираат и да понудат заштита од G4 ЕА H1N1.

 

360stepeni

Senat E.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime