Обраќање на ДСР до ЈСП Скопје

Како партија која секогаш стои на располагање на граѓаните и нивните потреби, секогаш настојува да им излелзе во пресрет во решавање на проблемите со кои се соочуваат нашите граѓаните во Република Македонија. Нашето обраќање до медиумите е во врска со се почстото изразено незадоволството на граѓаните од градскиот превоз кој се одвива во Шуто Оризари. Имено, веќе подолго време автобуските линии бр. 19 и 20 не се редовни, односно граѓаните чекаат подолго време автобус.

Тие знаат за летиниот возен ред во градот, но и покрај таа рестриктивност, граѓаните дополнително се соочуваат со уште подолго чекање на автобус . Од друга страна, многу често автобусите особено автобусите со реден број 20 ги оставаат патниците пред истражниот затворот, без некоја причина, па граѓаните се принудени пеш да стигнат до своите одредници. Нашата советничка во Градот Скопје, стапи во контакт со директорот на ЈСП и го извести за овие проблеми. ДСР очекува многу брзо овие проблеми да бидат решени и да се воспостави редовен автобуски превоз до последната автобуска станица во Шуто Оризари како што е и предводено обраќањето на линиите 19 и 20.

Претдедател Д-р Шабан Салиу

Related post