ОБСЕ/ОДИХР: Сеќавање и едукација за 2 август 1944 како ден на најголемиот геноцид врз Ромите

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) се придружува на меѓународната заедница во одбележувањето 76 години откако нацистите убија 3.000 Роми, жени и деца во Зигунерлер, „Кампот на Ромите“ во Аушвиц-Биркенау на 2 август 1944 година. Додека бројот на жртви Роми останува непознат, се проценува дека од нацистичкиот режим починале до 500.000 Роми и Синти, како и нивни сојузници и соработници.

Во моментов, Ромите и Синтите продолжуваат да страдаат од нетолеранција, системски расизам и дискриминација и остануваат жртви на расно мотивирано насилство и криминал од омраза. Расистичките идеологии, вкоренети во вербата дека некои се супериорни во однос на другите, сè уште постојат и се шират и денес, дури и на највисоко политичко и владино ниво.

Владите имаат одговорност да се сеќаваат на геноцидот на Ромите и Синтите. Владите треба да обезбедат  оваа трагична историја да биде вклучена во наставните програми во училиштата и иницијативите за подигнување на јавната свест  ида го олеснат вклучувањето на сите заедници во дискусија за последиците од расистичките идеологии. Учењето на основните историски лекции мора да биде поврзано со постојаните напори за борба против современите изрази на предрасуди, пристрасност и расизам против Ромите и Синтите, велат од ОДИХР.

ОБСЕ/ОДИХР промовира официјално признавање и предавање за геноцидот на Ромите.

Публикацијата:  Учење за и одбележување на геноцидот на Ромите и Синтите: Практики во областа на ОБСЕ, дава широк преглед на официјалните комеморации и образовни практики, вклучително и оние на седумте држави-учеснички во ОБСЕ, кои официјално го одбележуваат геноцидот на Ромите и Синти на 2 август.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime