Одложено плаќање на кредити од небанкарски институции

Корона вирусот и вонредната состојба ги погодија граѓаните кои се најсиромашни и истите не може ги плаќаат сметките, да обезбедат храна за семејството, како и да ги плаќаат ратите од кредитите кон банките и другите небанкарски институции (финансиски институции кои даваат брзи он-лајн кредити, штедилници и кредитни фондации).

Ги поздравуваме економски мерки кои ги донесе Владата во врска со одложеното плаќање на кредити кон деловните банки, меѓутоа не се опфатени  другите финансиски институции како на пример: Кредисимо, Тиго, Мкеш, Иуте, Форца, Хоризонти, Можности и други.

Веруваме дека голем број на граѓани имаат тековни кредити во горенаведените институции и истите се задолжени месечните рати да ги плаќаат навремено без оглед на сегашната кризна состојба.

Во време кога голем број од луѓето се невработени, отпуштени од работа, пратени на принудни одмори, не може да продаваат, и се спречени да заработуваат, истите не се во можност да одговорат на барањата на небанкарските институции да ги исплатат месечните рати при што постои голема опасност  населението да навлезе во уште поголема криза и сиромаштија

Затоа бараме од Владата мерката за Одлагање и реструктурирање на отплатите на кредитите за фирми и граѓани да ја прошири и да ги опфати и небанкарските институции (Финансиски институции – брзи кредити и он-лајн кредити, кредитни фондации и штедилници).

Мерката за реструктурирање на кредитите (одложување на плаќањето) на месечните рати за заеми од небанкарските финансиски институции треба да стапи на сила Веднаш, бидејќи обезбедувањето на основна егзистенција за семејствата треба да има приоритет а не плаќањето на кредитот.

Оваа мерка треба да им овозможи на семејствата поголема финансиска сигурност и преживување во периодот додека трае вонредната состојба.

Се вели, во иницијативата

Повеќе за петицијата за потписи на следниот линк.

Одложено плаќање на кредити од небанкарски институции

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime