Од среда почнува пријавувањето за лицата со социјален ризк за новите надоместоци

Примателите на социјална помош, домаќинствата во кои има деца, а семејниот буџет не е повисок од една минимална плата. Родители кои чувале деца со попреченост, а сега имаат навршено години за пензија, но не ја добиваат. Овие се категориите на граѓани кои позначително ќе ги опфати социјалната реформа која денес ја претстави ресорната министерка Мила Царовска.

Нејзините пресметки се дека помошта за граѓаните кои живеат во социјален ризик ќе се зголеми за околу 300 отсто. Пријавувањето започнува веќе од среда, а првите исплатени пари ќе пристигнат од идниот месец.

„Воведуваме траен надоместок од осум илјади денари за сите родители коишто чувале дете од 62 или 64 години. Дополнително оние родители кои имаат дете со попреченост, а се вработени надоместокот за скратено работно време до 50 отсто од просечната плата“, рече Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

А, околу шест илјади лица на возраст од над 65 години коешто живееле  најмалку 15 години во Македонија и немаат приходи, ќе добиваат месечна државна пензија од околу 100 евра. По реакциите во јавноста дека владата го укинува надоместокот за трето дете, Царовска вели дека и натаму оваа мерка е во сила, само финансиска помош ќе добиваат сиромашните граѓани.

„Ако во семејството имаат приходи до 12 илјади денари, тие ќе може да го остварат правото на трето дете, како што беше и во претходниот закон. А тоа е, во следните десет години да примаат надоместок од осум илјади денари. Дополнително, децата на улица сега ќе бидат таргет на Министерството за труд и социјална политика, затоа што секое дете ќе има додаток за себе и нема да смее да биде на улица и семејството ако прима гарантиран приход нема да смее да биде на улица заедно со своите деца“, додава министерката Царовска.

Носењето на овој пакет закони доцни пет месеци, признава министерката. Но, очекувањата на владата се дека со новата социјална реформа од сиромаштија ќе се извлечат околу 30 илјади домаќинства. За овој пакет на социјални закони од државната каса се одвоени нешто над  32,5 милиони евра. Инаку официјалните податоци велат дека во земјава 400 илјади граѓани  живеат во сиромаштија.

 

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime