Од 2,5 до 5 000 евра ќе добијат 16 општини за имплементација на Стратегијата за Ромите

Средства ќе добијат општините: Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Чаир, Битола, Тетово Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Виница, Дебар, Велес, Делчево, Берово и Пехчево. Тие ќе добијат по 150.130 денари, додека останатиот дел во износ од 597.920 денари ќе се распредели по бројот на Ромите по општини.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, денеска ги потпиша договорите со шеснаесет општини за распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година за поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите. На настанот присуствуваше и министерот без ресор Музафер Бајрам, надлежен за имплементација на Стратегијата за Ромите и градоначалници на општини.
Министерот Милевски изрази задоволство за активностите кои им претстојат на општините истакнувајќи дека намерата на Владата е јасна, а тоа е подобрување на условите за живот на сите граѓани без разлика каде тие живеат.
Со одлука на Владата, а според претходно доставените акциски планови од општините, истакна Милевски, на 16 општини ќе им се распределуваат предвидените средства како финансиска поддршка за реализација на активностите.
Средства ќе добијат општините: Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Чаир, Битола, Тетово Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Виница, Дебар, Велес, Делчево, Берово и Пехчево. Тие ќе добијат по 150.130 денари, додека останатиот дел во износ од 597.920 денари ќе се распредели по бројот на Ромите по општини.
Министерот Милевски истакна дека распределените средства општините треба да ги користат наменски во спротивно ќе треба да ги вратат во Буџетот. На општините им посака успех и што поскоро да ги започнат активностите за имплементација на Стратегијата за Ромите.

Извор:МИА


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime