ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Обединетите Нации забележуваат зголемување на кривичните дела поврзани со омраза кон Ромите. Расистичките предрасуди и дискриминацијата се повторно зголемени во време на корона, соопшти во Женева специјалниот ополномоштеник на ОН за малцински прашања, Фернанд Де Варенес.

На втори август светот ќе се потсети на жртвите Синти и Роми во времето на националсоцијалистичкиот режим во Германија (1933-1945). Во времето на холокаустот, според проценките, биле убиени од 200.000 до 500.000 припадници на ова малцинство. Само во ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година во гасните комори во логорот Аушвиц-Биркенау биле убиени речиси 3000 Роми.

Денот на сеќавање треба да се искористи за жртвите повторно повеќе да се најдат во фокусот на јавноста и за да се отфрли секаков вид на расизам, бара Варенес: „Дехуманизацијата и клеветењето на Ромите кои во минатото воделе кон вакви грозоморни дела, не смеат да продолжуваат во поинаков облик, како хушкање во социјалните медиуми“, изјави специјалниот ополномоштеник на ОН за малцински прашања. Де Варенес ги повика владите на сите земји да сторат се’ за Ромите да можат да живеат како рамноправни членови на општеството.

https://www.dw.com/mk/%D0%BE%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5/a-54380693?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime