ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „БРАЌА РАМИЗ – ХАМИД“ – ШУТО ОРИЗАРИ, СКОПЈЕ ЗАПИШУВА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ
„БРАЌА РАМИЗ – ХАМИД“ – ШУТО ОРИЗАРИ, СКОПЈЕ
ЗАПИШУВА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

 

Почитувани родители, драги наши ученици,
Ве известуваме дека оваа година уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во согласност со новонастанатата состојба, поради светската пандемија од вирусот COVID-19.

Во прво одделение се запишуваат ученици кои на крајот на клендарската 2020 ќе наполнат 6 години.

По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31 Јануари наредната година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и добиено мислење од педагогот и психологот во училиштето.

Уписот започнува на 01.06.2020 година

Прво, потребно е да ја пополните следнава пријава ПРИЈАВА (КЛИКНИ ОВДЕ)

Откога ќе ја пополните потребно е да ја пратите на следниов мејл: prvacinjaooubrh@gmail.com

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ОТКОГА ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ

(Сите документи  ќе можете да ги достаите во педагошко-психолошката служба, откако ќе се создадат услови за тоа, за што ќе бидете благовремено известени. Треба да бидеме силни и самодисциплинирани, да правиме социјална дистанца, се со цел да го заштитиме сопственото, но и здравјето на другите луѓе).

  • Лична карта на родител (фотокопија);
  • Извод од матична книга на родените на ученикот (фотокопија);
  • Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежни здравствени институции (останува во училиште);
  • Потврда од стоматолошки преглед издаден од здравствена установа (останува во училиште).


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime