ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ НА ПАРТИЈАТА ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРОСПЕРИТЕТ НА РОМИТЕ

Во Виница се одржа основачко собрание на Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), која ќе дејствува главно меѓу ромската популација од источниот регион на државата.

За претседател на партијата е избран Аксел Ахмедовски, дипломиран правник од Делчево, кој до неодамна беше министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите. Во партиското раководство влегоа и пет членови од поголемите градови од регионот.

-Конечно, по повеќе децении, Ромите од Истокот се самоорганизираа и постигнаа согласност да формираат своја партија, која ќе работи на заштита на нивните интереси и права. Нашата определба е да дејствуваме независно од другите партии, со можност за подоцнежна коалициска соработка со некоја од поголемите партиски структури. Зад нас имаме солидно гласачко тело од над десетина илјади граѓани кои ни дадоа поддршка за основањето, а веќе имаме и член на општинскиот совет во Виница, истакна Ахмедовски.

На основачкото собрание на ДПДР беше донесена одлука седиштето на партијата да биде во Делчево, а партиски подружници ќе бидат формирани во сите општини од трите изборни единици во источниот регион.

За претстојните претседателски избори допрва ќе се разгледува дали и на кој кандидат ќе му биде дадена поддршка, а во наредниот период главна задача за партиското раководство ќе биде работата на терен за да ја претстави програмата за дејствување.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime