Отворен е повикот за пријавување за стипендии во академската 2019/2020 година

ФИЛОЗОФИЈА И ПРИНЦИП НА ПРОГРАМАТА

Главната цел на Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) е  придонес за појава на критична маса на Ромите, со високо образование, сигурни и горди на својот Ромски идентитет, академски и социјални вешти, како и со стекнати вештини и компетенции кои им овозможуваат да станат професионалци во својата области и остануваат цврсто поврзани со ромската заедница во понатамошна поддршка на нејзиниот напредок и вклучување во поширокото општество.

РЕФ/Програмата за стипендирање го најавува објавувањето на годинешниот циклус на РМУСП стипендирање за академска 2019/2020 година.

РМУСП врз основа на постигнувањата нуди академски стипендии за студенти Роми кои се државјани или постојани жители на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција. Кандидати треба да бидат студенти на додипломски, магистерски, неподелени студии или докторски студии во државните акредитирани универзитети во нивната матична земја или земја на живеење.

За секој циклус на стипендии, бројот на стипендии во RMUSP зависи од достапноста на средствата во РЕФ/ПС. Бројот на стипендии доделени во секоја програмска земја се одлучува врз основа на бројот на пријави во изминатите години и постоењето на алтернативни програми за стипендии во дадената земја.

Повеќе за аплицирање, услови, критериуми на следниот линк официјална страна на ромскиот образовен фонд (РЕФ).

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime