ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЛАДИНСКИ АКЦИИ „СМИСЛИ, РЕАЛИЗИРАЈ, ПРОМЕНИ“

Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ распишува отворен повик „Смисли, реализирај, промени“ за една младинска акција која ќе биде насочена кон решавање на одреден проблем во општина Шуто Оризари. Во потрага сме по идеја која ќе третира одреден општествен проблем или недостаток, со чие реализирање младите ќе придонесат за подобрување на животот во оваа населба. Групата чија идеја ќе биде избрана на располагање ќе има 61.000 денари за реализирање на истата.

Областа во која ќе се делува е отворена, односно на Вас е оставено да одберете проблем и тема на која ќе работите.  Изборот на темата на акцијата треба да го направите врз основа на потребите на жителите на општината и со акцијата треба да се реши одреден проблем или да се започне со негово решавање.

Целта на овој повик и избраната акција е да им се олесни животот на жителите на Шуто Оризари и да се поттикнат младите за преземање акција и вклучување во решавање на општествените проблеми.

Услови за аплицирање:

На повикот може да аплицираат групи составени од по пет члена на возраст од 18 до 30 години. Членовите треба да бидат од Шуто Оризари. Ц.С.И. „Надеж“ ќе избере една акција врз основа на наративниот дел и предложениот буџет за акцијата, кој треба да изнесува вкупно 61.000 денари. Избраната акција треба да се реализира во периодот од 01.12.2018 до 20.12.2018. Крајниот рок за поднесување на апликации е продолжен до десетти ноември.

За аплицирање треба да ги пополните двата формулари (наратива и предлог буџет) кои се наоѓаат подолу и истите да ги испратите на мејлот: admin@csinadez.mk најдоцна до 16 часот на петти ноември 2018 година. За дополнителни прашања може да се обратите на истиот мејл.

Наратива за повикот

Буџет за повикот


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime