Пеколно време до викендов, од недела голем пресврт

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индекосот ќе биде 8.

 

Во Скопје, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота, а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

По пеколниот август летото полека влегува во својата завршница, но за оние кои планираат годишен одмор во септември добра вест е дека цел месец ќе биде топло и без дожд, со идеални температури кои ретко ќе надминат 30 степени.

Се до 6-ти септември ќе задржат температурите до 30 степени. Потоа, од 7-ми до 14-ти септември следи нов пад на температурите, но исто така постепен. Максималните дневни температури и натаму ќе бидат релативно високи и ќе изнесуваат околу 25 степени во просек.

Вонредно за овој период од годината ќе биде на југот на Грција, односно околината на Атина и Пелопонез. Температурите ќе бидат високи и на средоземните острови. Освен познатите летувалишта во околината на Солун, топло време во текот на септември се очекува и на западот на Грција, Лефкада и околните острови.

Слично време, со температури од 20 до 25 степени и со повремени врнежи, ќе се задржи во текот на втората половина од месецот. Цел септември ќе биде во главно сув и топол. Судејќи по се, ова лето ќе може да конкурира за едно од најтоплите на Балканот во последните 127 години.

“Најтопло било во 2012-та година, а по него следи летото од 1946-та, кога во септември биле измерени 41,8 степени. Ова лето би можело да го заземе третото место во минатите 127 години”, вели Недељко Тодоровиќ, метеоролог.

Голем број на луѓе сметаат дека септември е идеален за летување. Водата е уште топла, температурите не се високи, има помалку метежи, а и цените се поповолни.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime