Пендаровски за „Рекет“: Не може при ваква вонредна состојба обвинителите да си тераат годишни одмори

Претседателот Стево Пендаровски оценува дека случајот „Рекет“ е „огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува во прашање довербата на граѓаните во нас политичарите и во сопствената држава“. На прес-конференција одржана во неговата резиденција, Пендаровски денеска порача дека аферата мора да се расчистува брзо и темелно, оценувајќи притоа дека „одговорност мора да има и по хоризонтална и по вертикална линија“. Упати директна критика и до правосудните органи.

„Јас јавно кажав дека сум разочаран од тоа што го слушнав и повикав на брза и темелна истрага. Наместо тоа, надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за рутински предмет“.
Тој јавно постави четири барања.

„Прво: ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата

Второ: Доколку има докази, да се поднесат обвиненија против сите инволвирани, без разлика дали се на функција или не.

Трето: Инстистирам и на политичка одговорност на политичарите независно дали се од власта или опозицијата“.
Најдобро би било, смета Пендаровски, „сите оние чии имиња се споменати самоиницијативно да дадат изјави пред надлежниот обвинител за да покажат пред јавноста дека сме сите исти“.
Како последно, шефот на државата најавува дека им дава „целосна поддршка на надлежните институции, а особено на Јавното Обвинителство и судот и ќе ги употребам сите овластувања за да ги заштитам од притисоци, како и националната безбедност од евентуални обиди за нејзино нарушување, било од внатре било од надвор“, рече Пендаровски.

Тој рече дека се уште верува во СЈО, и смета дека и натаму е потребна институција која ќе се бори против високиот криминал и корупција во земјата како дел од Јавното обвинителство.
„Еден обвинител не може да го доведе во прашање трудот на целото СЈО“, рече Пендаровски.

Во тој контекст, Пендаровски рече дека „како човек“ и „од она што досега го знаеме“, е разочаран во Катица Јанева.

Претседателот на државата не смета дека во моментов поради скандалот е загрозена ЕУ перспективата на земјата, но предупредува дека тоа може да се промени.

„Засега нема битна промена во главните градови во однос на нашите интеграции. (…) Но, не смееме преку вакви случаи, преку инертност и непостапување, да им дадеме повод да го блокираат нашиот напредок кон ЕУ. Од аспект на евро-атлантските интеграции ние мора брзо да ја расчистуваме аферата“, рече Пендаровски.

Извор:https://www.dw.com/mk


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime