Romano web tv

Повик за пишување на анализа: „Антициганизам: Говорот на омраза и сликата за Ромската заедница во македонските медиуми“

www.24vakti.mk

Едукативниот и медиумски развоен центар за млади Роми – Асоцијација 24 Вакти од Скопје отвора повик за пишување Анализа за состојбата во Република Македонија  за говор на ормаза, и сликата за Ромската заедница во македонските медиуми.

Анализата е потребна со цел развивање на планови и програми кои Асоцијацијата ќе ги вклучи во нови активности поврзани со овие проблеми.

Профил на апликантот:

  • Лицето кој ќе ја спроведува оваа анализа треба да има компетентност и искуство во пишување на анализи и истражувања од овие области.
  • Апликантот треба да има темелно разбирање и дефиниција за говор на омраза, дискриминација и стереотипизација кон Ромите во Република Македонија и пошироко како и да ги следи анализите за медиумите во Македонија со ромска тематика.
  • Апликантот треба да има развиено искуство во пишување и спроведување на методологии како и напредно знаење на политиките на Ромите од страна на јавните институции на Република Македонија и пошироко.
  • Одлични аналитички, истражувачки и вештини за пишување на извештаи, како и интерперсонални вештини

Заинтересираните кандидати се бара да достават:

  1. Писмо за изразување на интерес
  2. Биографија / Curriculum vitae
  3. Опис на предлогот. Краток опис на методологијата на истражувањето и начинот на пишување на анализата како и претходно искуство и знаење од оваа област.

Апликациите ќе се оценуваат спрема:

  1. Претходно искуство и знаење – 20 бодови
  2. План за пишување на анализата и времетраење – 15 бодови
  3. Квалитет на дефинираната методологија за анализата – 15 бодови

Вкупно: 50 бодови

Ве молиме испратете ги документите за аплицирање најдоцна до 20 Ноември 2017 година на следниов е-маил: azdrijanmemedov@gmail.com. Со назнака за повикот Антициганизам: Говорот на омраза и сликата за Ромската                                     заедница во македонските медиуми“

Кандидатите ќе бидат информирани за резултатите од изборот најдоцна до 22 Ноември 2017 година.

Дополнителни информации, пратете е-маил на azdrijanmemedov@gmail.com или јавете се на 078/338-631.

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime