Поддршка за ублажување на социо-економските последици од влијанието на Ковид-19 за најранливите групи граѓани

Кризата предизвикана од епидемијата на КОВИД-19 сериозно ги погоди сите сегменти на
општеството и сите граѓани, но сепак диспропорционално поголем ефект и штета се
предизвикани кај обесправените групи, жените и маргинализираните заедници.
Со цел да се ублажат социо-економските последици од влијанието на Ковид-19 за ранливите
групи, Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбеди 148.000 долари локална
поддршка преку регионалниот проект „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19
преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од
неформалната економија и повремено вработените“ Проектот се спроведува во земјите од
Западен Балкан, со поддршка од Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на
Фондациите Отворено општество.
Проектот има за цел да даде свој придонес кон подоброто разбирање на ефектот од
владините политики врз ранливите групи, а преку спроведените активности да придонесе за
ублажување на социо-економските последици за нив. Воедно, проектот ќе промовира
подолгорочни мерки за ублажување на ефектите и ќе тестира и развива нови модели и
иницијативи за развој во регионот, конкретно за вработување на лицата од ранливите групи.
Локалната грант-поддршката за трите здруженија и трите тинк-тенк организации, преку
спроведените активности во рамките на проектот, ќе овозможи:
§ директна поддршка за организациите кои ги застапуваат ранливите категории
граѓани, за да креираат конкретни модели и интервенции за заштита од последиците
од кризата и да стимулираат вработување, како и директна поддршка на ранливите
групи граѓани;
§ анализа на реалната социо-економска состојба, со што ќе се овозможи следење и
креирање јавни политики кои се темелат на факти, како и обезбедување неутрални и
независни препораки за владата, опозицијата, медиумите и за јавна дебата;
§ подобрување на капацитетите за застапување на здруженијата, но и на најранливите
групи, со што ќе се овозможи нивно директно влијание врз креирањето на
долгорочните политики, и
§ придонес кон формирањето регионална платформа за јавен дијалог за да се
дискутира за ефектите од кризата врз економските сектори и да се изгради стратегиска

визија за развојот на земјите од Западен Балкан по завршувањето на кризата со Ковид-
19.

Ние во Фондацијата Отворено општество – Македонија се залагаме за достоинство за сите
граѓани подеднакво и продолжуваме и натаму брзо и флексибилно да реагираме на сите
закани за отвореното општество.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime