Доаѓа циклонот „Ален” – Носи невреме па дури и снег во Македонија

Под влијание на нов циклон кој ќе го носи името Ален во текот на викендот кој ни доаѓа ќе го зафати балканот но и Македонија и ќе услови врнежи од дожд, локални грмежи како и локално позначително количество на воден талог. На планинските места ширум балканот ќе има и снежни врнежи каде ќе дојде дури и до формирање на снежна покривка,анализира Славчо Поповски.

Одсега гледано овој постуден воздух кај нас ќе пристигне на самиот почеток од следната недела и ќе услови позначително заладување како и врнежи од снег на повисоките места и на планините но и засилен ветер од северен правец. Доколку токму оваа ситуација остане вака и не се промени следната недела нашата држава и балканот ќе го зафатат ниски минуски утрински температури кога ќе има услови и за појава на мраз кој и тоа како лошо ќе влијае врз земјоделите и земјоделските кутури.

Ситуацијата околу студениот бран континуирано ќе ја следиме и за се навремено ќе бидете информирани од наша страна, најнови информации околу ова следуваат наскоро


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime