Политички игри пред Парламентарните избори 2020 во ромскиот политички блок

Месец дена пред најавата на СРМ на чело со Амди Бајрам и човек- партијата на „советникот„ на Зоран Заев дека ќе се обединат заеднички да настапат на следните предвремени парламентарни избори на 12-ти Април, неуспешен обид на „советникот„ за манипулација имаше и со Партијата за Демократски Просперитет на Ромите на чело со Аксел Ахмедовски.

ПДПР ја насети манипулацијата за шверц возење на „советникот„ и на 2-ри Јануари носат одлука за заедничко настапување со Народната Партија на Ромите (во формирање) на чело со познатиот активист и борец за Ромите, Геге Демировски. Од едната страна ги имаме СРМ и „советникот„ како долгогодишни политичари со нивните досегашни поразителни резултати за ромскиот народ а со лични економски фантастични резултати.

Од другата страна ги имаме двете нови политички партии ПДПР и НПР со идентични идеологии и програми, чисти по вертикала и хоризонтала. ПДПР најактивна е во ИЕ3 и со голем и сигурен потенцијал за избор на народен пратеник, и НПР во ИЕ2 со голема и сигурна шанса за избор на народен пратеник.

Бидејќи Ромите и другите ентитети многу добро ги познаваат опонентите нема да им биде тешко на следниве избори нивниот глас да го дадат за веќе видено и злоупотребено или на ново и надевачко утро за себе, за своите деца и внуци.

 

Агуш Демировски


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime