Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година и ќе чини 8,5 милиони евра

Пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година, информираше Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика. Според него, целата постапка ќе биде комбинирана, по електронски пат и со теренско попишување, за што ќе бидет издвоени 8,5 милиони евра од државниот буџет.

„Пописот ќе се реализира по високи стандарди коишто ги налага Евростат, при што ќе се избегнат сите можности за злоупотреба. Софтверското решение коешто ќе биде изготвено ќе ги препознава личните податоци на граѓаните кои веќе еднаш се внесени, со што ќе се онезможи ист граѓанин да се регистрира двапати. Во пракса ова значи дека ќе има попишување со помош на веб-апликација и теренско попишување. Државата ќе биде поделена на 45 пописни реони, а во целата операција ќе учествуваат 6.000 попишувачи.

Симовски информира дека, исто како во 2011 година, и овој пат ќе ги има сите графи за демографска, образовна, културолошка и етничка припадност.

Луѓето кои се наоѓаат во дијаспората ќе се попишуваат исклучиво по електронски пат, што значи дека нема да се издвојуваат средства за да се испратат попишувачи надвор од земјава.

Според оперативниот план на Заводот за статистика, конечните резултати од пописот можат да се очекуваат по шест месеци од завршувањето на процедурата, односно во септември 2020 година.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime