Пораст на националистите, но проевропскиот блок го задржа мнозинството во ЕУ

„Судбоносните“ избори инспирираа толку многу Европејци како никогаш досега во последните 20 години да излезат на гласање. Намалена е поддршката за големите партии. Растат позициите на десните популисти.

Најголемо изненадување на европските избори е големата излезност. Околу 51% од 420 милиони гласачи во ЕУ го дадоа својот глас. Тоа се осум проценти повеќе во споредба со последните избори од пред пет години. Протести против климатската политика, ученици кои штрајкуваат и потребата да се одбрани ЕУ од евроскептиците и десно-популистичките партии очигледно ги мобилизираа гласачите, смета политичкиот експерт Јанис Еманулидис од “Европскиот полиси центар” од Брисел.

Еврокомесарката Маргарет Верстагер од данските либерали во интервју за ДВ вели дека луѓето сфатиле дека гласањето е моќ и дека треба да ја искористат. “На изборите се кандидираа и партии кои сакаат да ја уништат Европа. Има и партии кои се декларираат како националистички, а сакаат да си ја продадат земјата на Русите. Тоа се работи што ги натераа луѓето да размислат и да решат дека овојпат треба навистина да одат да гласаат”, вели Верстагер која сака да биде следниот претседател на Европската комисија. Главниот кандидат на европските Социјалдемократи, Франс Тимерман се радува на големата излезност која за него е ” одличен сигнал за една функционална демократија”.

Либералите и Зелените со одлични резултати

Либералите и Зелените се засилија во Европскиот Парламент. Во Германија Зелените добија 20% од гласовите победувајќи ги Социјалдемократите со што станаа втора сила зад конзервативната Унија. Тоа е најдобриот резултат за партијата на Зелените воопшто постигнат на избори.

Длабоко разочараниот шеф на фракцијата на Социјалдемократите во Европскиот Парламент, Удо Булман за ДВ вели дека неговата партија ја потценила темата за климатската политика. Нешто што според него мора да се подобри. И првиот човек на ЦДУ Анегрет Камп-Каренбауер исто така призна дека потфрлиле во однос на ова тема, но е задоволна дека и покрај намалената поддршка конзервативната Унија е сепак најсилната политичка опција во Германија, а ќе остане и најсилна фракција во Европскиот парламент.

Infografik HOCHRECHNUNG 21.30 EU Wahl 2019 - Parlament ENG

Манфред Вебер, главниот кандидат на конзервативните Европски народни партии синоќа повтори дека треба тој да биде претседател на Европската комисија и додаде „Не постигнавме голема победа, но сепак сме најсилната група”, изјави политичарот од редовите на ЦСУ во Брисел. Тој ги повика и останатите про-европски партии на соработка, посебно именувајќи ги Зелените. “Зелените се победници на денот. Токму поради тоа тие се потенцијалните партнери со кои треба да седнеме заедно и да ги испланираме следните пет години од мандатот.”

Христијанските-демократи остануваат најсилната група

Според првичните проценки ЕНП во идниот Европски парламент ќе имаат околу 180 места. Тоа се 42 помалку од досега. Се намалува и групата на Социјалдемократите кои сега ќе имаат 147 места. Либералите во кои е и новата партија на францускиот претседател Емануел Макрон освоија 105 мандати. Зелените бележат најголем раст од досегашните 52 места на 67. Десните популисти се многу јаки во некои земји, како Италија и Франција, но сепак вкупно освоија помалку места од прогнозираното. Тие сега имаат 150 места поделени во три фракции. Германските националисти од АФД не се толку силни како што се очекуваше, но освоија најголем број гласови во Саксонија и Бранденбург и со тоа да избијат на прво место пред Унијата.

Растат позициите на десните популисти

Јанис Еманулидис, политички аналитичар од Брисел нагласува дека проевропските партии се уште држат 80% од седиштата во парламентот. „Како група десно ориентираните популисти сите заедно не се толку силни како што беше претходно проценето. Ние знаевме дека нема да имаат мнозинство, но излегоа и послаби одошто очекувавме.”

Во Италија десничарската Лига на министерот за внатрешни работи Матео Салвини освои најмногу гласови, а во Франција на врвот се искачи Национална партија на Марин Ле Пен. „Макрон се обиде со сите сили да помогне во кампањата за да спречи победа на партијата на Ле Пен, но не му успеа,” заклучува Еманулидис.

Повеќе:

Големите партии во Европскиот парламент претрпеа загуби

Европската народна партија најсилна на изборите за ЕП

Голем скок на Зелените на европските избори во Германија

Во многу од 28те земји членки на ЕУсе забележува намалена поддршка за досега најголемите партии од центарот. Од друга страна Либералите, Зелените и десничарските партии се засилуваат. Еманулидис во ова гледа знак на зголемена фрагментација. „Гледаме дека големите партии го губат тлото и дека ќе има потреба од голема коалиција за да се оствари мнозинство,” вели тој. Во идниот Европски парламент, традиционалните партии од центарот ќе мора да работат заедно со либералите, а веројатно и со Зелените.

Мнозинство на партии лево од центарот кои го сочинуваат фракциите на Левицата, Социјалдемократите, Зелените и Либералите математички не возможно. Исто така не доаѓа в предвид ниту мнозинство од партиите десно од центарот бидејќи традионалните конзервативци не сакаат да се спојат со националистите и десните екстремисти.

„Од сега натаму работите ќе се компликуваат бидејќи никој не може еден без друг да оствари стабилно функционално мнозинство. Така што во следните денови ќе има интересни разговори и информации околу тоа кој со кого се сретнал и какви се коалиции се во игра, ” вели за ДВ Верстагер.

Неочекуван исход во Велика Британија

Особено неочекуани беа резултатите за европските избори во Велика Британија која ја напушта ЕУ, но се уште без договор за Брегзит. Британската премиерка Тереза Меј во петокот затоа и најави оставка. Новата “Брегзит-партија” на противникот на ЕУ Најџел Фараж, како и што се очекуваше победи со 31,5% поддршка од гласовите. Ова беше жестока казна за владеачките конзервативци.

Großbritannien Europawahl in Biggin Hill - Nigel Farage (picture-alliance/ZUMA Press/R. Tang)

Во Грција лево популистичкиот премиер Алексис Ципрас загуби од конзервативната опозиција поради што најави и предвремени парламентарни избори.

Во Австрија Народната партија ка конзервативниот премиер Себастијан Курц доби голема поддршка од гласачите, но тој овој понеделник мора да се соочи со гласање на доверба за неговата влада во парламентот во Виена. Десните популисти од ФПО кои неделава беа исфрлени од владината коалиција добија помалку гласови од претходно како последица на „Аферата Ибица”. Првиот човек на партијата Хајнц – Кристијан Штрафе минатиот викенд даде оставка од вице премиерската позицијата откако во јавноста беше објавено тајно снимено видео во кое се гледа како тој нуди да му направи услуга на руски инвеститор за соодветен надомест.

Во Германија сатиричарот Мартин Шонборн особено се радува на избориниот успех на како што ја нарекува – “партијата“. Тој сега има две места во Стразбур, но се уште нема никаква програма.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime