Посета на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во Шуто Оризари

„Денес во посета на Општина Шуто Оризари ни беше актуелниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, сакаше да се прошета низ општината со цел да се види со поголем број на граѓани и да поразговара со нив. Граѓаните побараа да се стави крај на недопирливи функционери без разлика кој и да е. Рече дека како министер му е обврска да работи транспарентно“, велат од ОК Шуто Оризари

„Ни ги презентира плановите и заложбите за следниот период. Кажа дека ќе формираат мобилни тимови за регистрација и внес во државјанство и полесно добивање лични карти за припадниците на ромската популација со што тие ќе имаат еднаков пристап до правото на здравје и социјална заштита од државата, ќе го зголеми бројот на полициските службеници во полициската станица во оваа општина, дека ќе работи на правично и соодветно вработување и унапредување на ромската популација во Министерството за внатрешни работи, согласно со законите. Исто така кажа дека како министер во МВР ќе се заложи за фер и демократски избори како во Шуто Оризари така и во цела територија на Република Македонија, додадоа во соопштението до медиумите од ОК Шуто Оризари.

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime