Пратениците ќе добијат пари за медиумско презентирање

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика пратеничките групи и независните пратеници во најскоро време да го известат дали ќе водат кампања. Рок нема, но новото собраниско координативно тело планира состанок во понеделник и се надева дека до тогаш ќе има појасна слика колку народни избраници или парламентарни партии ќе имаат референдумски активности. Испратеното циркуларно писмо на Џафери е во согласност со вчерашната одлука за пропорционална распределба на 80 милиони денари, без оглед дали ќе се пропагира гласање за, против или бојкот на референдумот. Од Владата појаснуваат дека парите се наменети само за медиумско презентирање на различните ставови на пратениците.

Парите за Собранието ги обезбеди Министерството за финансии директно од буџетот од ставката Функции на државата. Владата ја поништи сопствената одлука од минатата недела, со која бараше министерствата да пронајдат средства за кампања. Владата објаснува дека ребаланс не е потребен, но ВМРО-ДПМНЕ го тврди спротивното, иако се уште не кажува дали ќе води кампања или ќе повика на  бојкот.

Самата Влада планира изјави, пресови, брифинзи, но и теренски посети и неформални средби, за да ги убеди граѓаните да превземат одговорност во носењето важни одлуки за иднината на државата. Сето тоа не произведува дополнителни трошоци, велат од Владата и најавуваат плаќање само за кампањата во социјалните медиуми.

Се очекува кампањата да добие на интензитет во наредните две недели.

ИЗВОР : Телма


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime